13 Декември, 2024
0.0353

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Пензионирани полицајци споделувале службени тајни со криминалната група „Дуќанџик“

Објавено во: Македонија 04 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

ПОРАНЕШНИ ПОЛИЦАЈЦИ БИЛЕ ДОУШНИЦИ НА КРИМИНАЛНА ГРУПА

МВР објави дека се лишени од слобода поранешни вработени во ова министерство. Иако не е експлицитно кажано за кого се работи, се алудира на оддавање информации на најголемиот нарко бос од Македонија, Шеваљ Муареми,кој во моментов е во бегство надвор од земјата. Акцијата завршила вчера со претрес во домовите на уапсените.

Кривична пријава е поднесена за „злосторничко здружување“ и „оддавање службена тајна“, а ја користеле познатата SKY/ECC апликација за да го информираат Муареми со користење на податоци од МВР. Информациите ги наплаќале, а со помош на тие податоци некои криминалци се спасиле од доживотен затвор.

ЗА ПОЧИНАТОТО БЕБЕ ТРЕБА ДА СЕ ВИДАТ СИТЕ ОКОЛНОСТИ

Според министерот за здравство, Арбен Таравари треба да се видат сите околности во врска со смртта на бебето од Струмица. 

Детето викендов почина на Детската клиника. 

„Вчера добив информација од директорот на Клиниката за педијатрија. Се работи за бременост што не била следена баш како што треба, барем според информациите што ги добив. Потоа детето е задржано во домашни услови или во болницата во Струмица и кога е донесено бебето во Клиниката за педијатрија, веќе било во многу влошена состојба. Така што треба да се видат сите околности и според тоа и Министерството ќе постапи“, рече Таравари.

ПОЧИНА ПИСАТЕЛКАТА ОЛИВЕРА НИКОЛОВА

Почина Оливера Николова, една од најплодните и најзначајни македонски писателки. Таа е родена во 1936 година, во Скопје. Учела во Струга и Велес, а завршила Филозофски факултет во Скопје. Работела како драматург на радио и телевизија. Таа е член на Друштвото на писателите на Македонија од 1963 година.

Попознати нејзини дела за деца се:  „Зоки Поки“, „Земја во која не се стигнува“ (Награда на РТВ и Струшки вечери,1966), „Пријателите Бон и Бона“ (Награда на РТВ и Струшки вечери,1975), „Мојот звук“ (Награда 'Младо поколење',1978), „Девојките на Марко“, „Љубоболки“, „Шифри на каменот“, „Преминот не е осветлен“, „Светлосна година“, и други.

СРПСКИ МИНИСТЕР СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ПО ТРАГЕДИЈАТА ВО НОВИ САД

„Падна“ и првата оставка во Србија, по несреќата која деновиве се случи во Нови Сад, каде се урна натстрешница на Железничка станица при што загинаа 14 луѓе, меѓу кои и еден македонски државјанин. 

Министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура во Србија, Горан Весиќ одржа вонредна прес-конференција на која изјави дека утре претпладне и официјално ќе поднесе оставка.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Австрискиот гигант „Раух“ (Rauch Fruchtsafte GMBH), еден од водечките производители на сокови во Европа, официјално е нов сопственик на ресенската фабрика за преработка на овошје и еден од најголемите откупувачи на јаболка во земјата Вита-Рес.

Додека подолг период трае вистинска берзанска војна за преземање на што поголем пакет акции од „Македонијатурист“, со што би се презела превласта врз оваа наша најстара и најуспешна хотелиерска компанија, интересно е да видиме кои се новите акционери, барем засега, според последната состојба на Централниот депозитар на хартии од вредност, во ова акционерско друштво.

Не трилер, туку вистинска драма се случува деновиве со акциите на Македонијатурист. Фрчат блокови, купувачите не прашуваат за цена. 

Можеби како доминантен акционер им успеа да ја спречат продажбата на Стопанска банка Битола на Комерцијална банка, ама очигледно не им успеа да си го подобрат работењето во својот двор, па наместо да ја зголемат, ја намалија својата добивка за првите девет месеци од годината, и тоа за цели 59 проценти.

Додека македонскиот градежен гигант чека подобри денови за својата оператива добро заработува од одлуката за купување акции во „Комерцијална банка“ која од оваа перспектива се покажа како одличен деловен потег на менаџментот на „Гранит“.

Законот за концесии и јавно приватно партнерство ќе се менува со цел да се создадат услови за промени на договорите преку анекси и искористување на неискористените средства од еден за друг проект, односно да се пренаменат.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полициски службеници по наредба на ОЈО влегоа во Судскиот совет

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полициски службеници по наредба на ОЈО влегоа во Судскиот совет

ОХРИД Е ВИСОКО ЗАГАДЕН: Во другите градови полесно се дише

ОХРИД Е ВИСОКО ЗАГАДЕН: Во другите градови полесно се дише

ИСЧЕЗНА 12 ГОДИШНО ДЕТЕ ВО СКОПЈЕ: Роднините молат за помош

ИСЧЕЗНА 12 ГОДИШНО ДЕТЕ ВО СКОПЈЕ: Роднините молат за помош

БИЛ ИНВАЛИД ОД ПРВ СТЕПЕН: Болеста на осудениот шоумен Бојан Јовановски-Боки 13 не може да се третира во затвор

БИЛ ИНВАЛИД ОД ПРВ СТЕПЕН: Болеста на осудениот шоумен Бојан Јовановски-Боки 13 не може да се третира во затвор

БАРААТ ДОКАЗИ: Обвинителството влезе во Судскиот совет

БАРААТ ДОКАЗИ: Обвинителството влезе во Судскиот совет

Полицијата врши претреси во Судски совет

Полицијата врши претреси во Судски совет

(ВИДЕО) Таравари открива: 15 години немаше проширување на „позитивната листа на лекови“, зошто секој министер „си чекаше своја комисија“

(ВИДЕО) Таравари открива: 15 години немаше проширување на „позитивната листа на лекови“, зошто секој министер „си чекаше своја комисија“

„Би било опасно и штетно да одиме кон целосно забранување “: Андоновски за проблемите од предизвикот на ТикТок

„Би било опасно и штетно да одиме кон целосно забранување “: Андоновски за проблемите од предизвикот на ТикТок

КОЛЕГА БУЈАР, КРИВО МАГАРЕ НЕКА КАНДИДИРААТ ЌЕ ГО ГЛАСАМЕ МАСОВНО, САМО ТЕБЕ И ТВОИТЕ ДА НЕ ВЕ ГЛЕДАМЕ ВЕЌЕ НА ВЛАСТ: Д-р Лазаров му се обрати на Османи

КОЛЕГА БУЈАР, КРИВО МАГАРЕ НЕКА КАНДИДИРААТ ЌЕ ГО ГЛАСАМЕ МАСОВНО, САМО ТЕБЕ И ТВОИТЕ ДА НЕ ВЕ ГЛЕДАМЕ ВЕЌЕ НА ВЛАСТ: Д-р Лазаров му се обрати на Османи