КАСАМИ ВЕЛИ ДЕКА ПРЕЗЕМАЛЕ ОБВРСКА ЗА АЛБАНСКАТА АКАДЕМИЈА: Очекува поддршка во советот
Објавено во: Македонија 04 Ноември, 2024
Teтовскиот градоначалник Билал Касами ќе бара поддршка од општинските советници за формирање на Албанската академија на науки.
Поддршката на албанска академија, според Касами, е обврска која веќе ја презеле, посочувајќи дека пред да се впуштат во таквата идеја веќе ги пресметале сите заможности за реализација на академијата со која се сака да се постигне пандан на МАНУ. Касами и понатаму верува дека Советот на општината ќе ја поддржи академијата.
Претходно МАНУ, преку соопштение се огласи, посочувајќи дека не постојат примери за формирање на паралелни национални академии. Четири општини планираат да ја поддржат Албанската академија на науки.
фото Фејсбук/Билал Касами
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.