16 Февруари, 2025
0.0284

Уапсени поранешни полицајци доушници на нарко босот Шеваљ Муареми

Објавено во: Македонија 04 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

МВР објави дека се лишени од слобода поранешни вработени во ова министерство. Иако не е експлицитно кажано за кого се работи, се алудира на оддавање информации на најголемиот нарко бос од Македонија, Шеваљ Муареми,кој во моментов е во бегство надвор од земјата. Акцијата завршила вчера со претрес во домовите на уапсените.
Кривична пријава е поднесена за „злосторничко здружување“ и „оддавање службена тајна“, а ја користеле познатата SKY/ECC апликација за да го информираат Муареми со користење на податоци од МВР. Информациите ги наплаќале, а со помош на тие податоци некои криминалци се спасиле од доживотен затвор.

До Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесена е кривична пријава против Д.Г.(58), Е.А.(58) и О.П.(44), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злосторничко здружување“, „оддавање службена тајна“, „попречување на правдата“ и „противправно стекнување и прикривање имот“. 
„Пријавените Д.Г. и Е.А., во периодот кога биле вработени во Министерството за внатрешни работи, заедно со О.П., се приклучиле на организирана криминална група за која прибавувале, соопштување, пренесување или на друг начин овозможувале достапност на податоци што претставуваат службена тајна. Во периодот од декември 2019 година до март 2021 година, знаејќи за постоење на интерес на поголем број на личности за добивање на вакви податоци и службени информации за актуелни криминалистички истражувања, планирани мерки и активности за лишување од слобода, со посебен акцент за податоци дали и против кои личности и од кои причини се спроведуваат оперативни и истражни дејствија, како и дека таквите податоци и информации можат да се прибават со давање на парични награди, се поврзале со оваа криминална група во која имале посебна улога за пренесување службени информации, поврзани со организирани криминални групи инволвирани во извршување на криминални активности од повеќе области, особено на тешки кривични дела, од кои за некои е предвидена и казна доживотен затвор“, соопшти министерството.
Апликацијата од доушниците била користена додека криминалците договарале и преземале активности за организирање на набавка и пренесување на кокаин од земјите на Јужна Америка до земјите на ЕУ и РС Македонија.

„Начинот на кој пријавените ги извршувале делата предизвикало штета врз работењето на државните органи во постапките за кривичен прогон на лица, кои се од значење за јавната безбедност, безбедносните и разузнавачките активности на органите, како и прибирање и пренесување на информации кои не се наменети за јавна употреба, а со чие откривање се намалила ефикасноста на работењето на државните органи. На 03.11.2024, по преземени оперативно - тактички мерки и активности, како и врз основа на наредби од Основен кривичен суд Скопје, извршен е претрес во домовите на лицата, при што се пронајдени и одземени повеќе мобилни телефони, лап - топ компјутер и разновидна документација. Лицата се лишени од слобода“, информираат од МВР.


Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Наместо европеизација на Балканот се случи балканизација на Европа- Македонија мора да добие извесност во напредокот кон ЕУ

Мицкоски: Наместо европеизација на Балканот се случи балканизација на Европа- Македонија мора да добие извесност во напредокот кон ЕУ

„ОВА Е ПРОТЕСТ НА НАРОДОТ, НА ТАГАТА, РЕВОЛТОТ И ЖЕЛБАТА ДА СЕ ОСТАНЕ ТУКА“: Росица Кулакова пред утрешниот протест

„ОВА Е ПРОТЕСТ НА НАРОДОТ, НА ТАГАТА, РЕВОЛТОТ И ЖЕЛБАТА ДА СЕ ОСТАНЕ ТУКА“: Росица Кулакова пред утрешниот протест

ОГРАБЕН СКОПЈАНЕЦ СРЕД БЕЛ ДЕН ВО ЦЕНТАРОТ НА ГРАДОТ - Обвинителство бара притвор за 26 годишниот криминалец

ОГРАБЕН СКОПЈАНЕЦ СРЕД БЕЛ ДЕН ВО ЦЕНТАРОТ НА ГРАДОТ - Обвинителство бара притвор за 26 годишниот криминалец

БИЛАТЕРАЛНИТЕ РАЗЛИКИ И БЛОКАДАТА НА МАКЕДОНИЈА ОД БУГАРИЈА МЕЃУ ТЕМИТЕ НА РАЗГОВОР - Муцунски и бугарскиот колега во Минхен

БИЛАТЕРАЛНИТЕ РАЗЛИКИ И БЛОКАДАТА НА МАКЕДОНИЈА ОД БУГАРИЈА МЕЃУ ТЕМИТЕ НА РАЗГОВОР - Муцунски и бугарскиот колега во Минхен

„НЕЛИ ВО КАРПОШ НЕ СЕ ЖИВЕЕЛО ХУМАНО? НЕЛИ НЕМАЛО ЗЕЛЕНИЛО“: градоначалникот Јакимовски вели ' вистина излегува на површина'

„НЕЛИ ВО КАРПОШ НЕ СЕ ЖИВЕЕЛО ХУМАНО? НЕЛИ НЕМАЛО ЗЕЛЕНИЛО“: градоначалникот Јакимовски вели ' вистина излегува на површина'

„ВЛАДАТА НЕКА КУПИ ЗА СЕКОЈ МИНИСТЕР ЛУКСУЗНИ DACIA DUSTER“: Костадинов со препораки до владејачката коалиција по критиките на негова сметка

„ВЛАДАТА НЕКА КУПИ ЗА СЕКОЈ МИНИСТЕР ЛУКСУЗНИ DACIA DUSTER“: Костадинов со препораки до владејачката коалиција по критиките на негова сметка

УСПЕШНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА КАЈ 28 ГОДИШЕН ПАЦИЕНТ - медицинскиот тим се заблагодари до семејствата на донаторите

УСПЕШНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА КАЈ 28 ГОДИШЕН ПАЦИЕНТ - медицинскиот тим се заблагодари до семејствата на донаторите

„ЗА ЗЛАТНИТЕ ВИЗИ НА ФАМИЛИЈА ЗАЕВИ ВО ДУБАИ“: Латас најавува финале заедно со промени во судството и обвинителство - 'купете карти за прв ред'

„ЗА ЗЛАТНИТЕ ВИЗИ НА ФАМИЛИЈА ЗАЕВИ ВО ДУБАИ“: Латас најавува финале заедно со промени во судството и обвинителство - 'купете карти за прв ред'

ТАТКО СО ДВАЈЦА СИНОВИ ТИНЕЈЏЕРИ ОСТАНАА БЕЗ ПОКРИВ НАД ГЛАВАТА - страшен пожар го пеплоса нивниот стан, општината апелира за помош

ТАТКО СО ДВАЈЦА СИНОВИ ТИНЕЈЏЕРИ ОСТАНАА БЕЗ ПОКРИВ НАД ГЛАВАТА - страшен пожар го пеплоса нивниот стан, општината апелира за помош