06 Ноември, 2025
0.1078

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почина Владо Петров, осомничен во случајот „Пулс“

Објавено во: Македонија 13 Октомври, 2025 22:28

Добивај вести на Viber

ПОЧИНА ОСОМНИЧЕН ВО СЛУЧАЈОТ „ПУЛС“

Почина Владо Петров, пензиониран полициски службеник и поранешен главен инспектор за сообраќајни работи, кој беше осомничен дека потпишал документ поврзан со паркинг-просторот пред дискотеката „Пулс“ во Кочани. Веста ја соопшти Независниот полициски синдикат.

ДОКТОР КУЗМАНОВСКИ НЕМАЛ АКТИВНА ЛИЦЕНЦА

Лекарската комора на Македонија не може да му ја одземе лиценцата за работа на разрешениот директор на Клиниката за неврологија, д-р Игор Кузмановски, бидејќи тој нема активна лиценца.

- Доктор д-р Игор Кузмановски моментално нема активна лиценца за работа, бидејќи нејзината важност истекла на 15.03.2025 година. Тој има поднесено барање за нејзино продолжување, а Комората ги разгледува сите аспекти поврзани со последните случувања. Се прибира документација и информации од надлежните институции, по што јавноста ќе биде информирана за мерките што ќе се преземат – велат од Лекарската комора за Плусинфо.

Д-р Јован Божиновски е именуван за нов вд директор на Универзитетската клиника за неврологија.

БОКИ 13 Е ВИНОВЕН И МУ Е ИЗРЕЧЕНА КАЗНА ОД 5 ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА „МЕЃУНАРОДЕН СОЈУЗ“

Основниот кривичен суд во Скопје донесе нова пресуда во повторената постапка за случајот „Меѓународен сојуз“, со која беа изречени намалени казни за обвинетите во споредба со првостепената од 2022 година.

Во повторената постапка, обвинетиот Бојан Јовановски - Боки-13 е прогласен за виновен за „измама“ и „перење пари“, за што му е изречена единствена казна затвор во траење од пет години.

Јасна Ерцеговиќ е осудена на две години затвор за „перење пари“, при што во казната се засметува времето поминато во куќен притвор.

ФОН ДЕР ЛАЈЕН НАЈАВИ ФАБРИКИ ЗА ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН, ОПФАТЕНА ЌЕ БИДЕ И МАКЕДОНИЈА

Европската Унија(ЕУ) најави проширување на европските фабрики за вештачка интелигенција во Македонија и Србија. 

Европската комисија денеска најави проширување на програмата „Фабрички антени за вештачка интелигенција“ (АИФА) во седум земји членки и шест партнери на ЕУ, меѓу кои и во Македонија. 

Во соопштението се посочува дека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска во Тирана најави проширувањето на фабриките за вештачка интелигенција во Северна Македонија и Србија. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Ако сакате да купите стан со намера да го издавате за туристи, се смета дека Охрид е најдобриот избор.

Ревизорите и во најновиот извештај за работењето на Пошта на Северна Македонија со бројни забелешките, почнувајќи од недостигот на докази за побарувањата од земјата и од странство, па до пописот на залихите за кој воопшто не гарантираат - бил направен пред да бидат ангажирани.

Со 88,0921 проценти од вкупниот број на издадени обични акции од Стопанска Банка А.Д. Битола, Алта Банка и официјално влегува на македонскиот пазар, дознава Фактор. 

Можеби ќе ве интересира

(ФОТО) ОРЦЕ ЃОРЃИЕВСКИ: За 72 часа, нашата метропола ќе ја добие свежината и сјајот кој го заслужува

(ФОТО) ОРЦЕ ЃОРЃИЕВСКИ: За 72 часа, нашата метропола ќе ја добие свежината и сјајот кој го заслужува

Водата во Берово е забранета за пиењe

Водата во Берово е забранета за пиењe

Пожар изби над селото Арнакија

Пожар изби над селото Арнакија

Орце Ѓорѓиевски: Најавувам и целосна ревизија на работата на градската администрација

Орце Ѓорѓиевски: Најавувам и целосна ревизија на работата на градската администрација

Рокас: Нема напредок во однос на судските реформи и борбата против корупцијата

Рокас: Нема напредок во однос на судските реформи и борбата против корупцијата

ДИК го oтфрли приговорот за Брвеница

ДИК го oтфрли приговорот за Брвеница

Акција на ОЈО ГОКК и полицијата: Се вршат претреси на повеќе локации

Акција на ОЈО ГОКК и полицијата: Се вршат претреси на повеќе локации

АРСОВСКА ОБЈАВИ ФОТОГРАФИЈА СО ЃОРЃИЕВСКИ: Mу посакувам, пред сѐ многу здравје, а потоа чесно и посветено да го води градот

АРСОВСКА ОБЈАВИ ФОТОГРАФИЈА СО ЃОРЃИЕВСКИ: Mу посакувам, пред сѐ многу здравје, а потоа чесно и посветено да го води градот

Уапсен е државен функционер за земање мито

Уапсен е државен функционер за земање мито