11 Декември, 2025
0.5836

ДОКТОР КУЗМАНОВСКИ НЕМАЛ АКТИВНА ЛИЦЕНЦА - Лекарската комора ќе ги разгледува сите аспекти околу поранешниот директор на Клиниката за неврологија

Објавено во: Македонија 13 Октомври, 2025 14:16

Добивај вести на Viber

Лекарската комора на Македонија не може да му ја одземе лиценцата за работа на разрешениот директор на Клиниката за неврологија, д-р Игор Кузмановски, бидејќи тој нема активна лиценца.

- Доктор д-р Игор Кузмановски моментално нема активна лиценца за работа, бидејќи нејзината важност истекла на 15.03.2025 година. Тој има поднесено барање за нејзино продолжување, а Комората ги разгледува сите аспекти поврзани со последните случувања. Се прибира документација и информации од надлежните институции, по што јавноста ќе биде информирана за мерките што ќе се преземат – велат од Лекарската комора за Плусинфо.

Според правилникот на Комората, лекар кој ја пропуштил законската обврска за обновување на лиценцата повторно може да се стекне со право на работа само по дополнителна обука и полагање стручна проверка пред комисија.

Лиценцата важи седум години, а барањето за продолжување мора да се поднесе најмалку 30 дена пред истекот.

Кузмановски беше разрешен во петокот откако на социјалните мрежи се појави видео на кое зборува за купување „бело“, а на снимката се гледа како подготвува „линии“ од непозната супстанца.

Снимката предизвика лавина реакции, а викендов, во јавноста се појави писмо со поддршка за Кузмановски од колеги од Клиниката за неврологија.

Д-р Кузмановски беше назначен за директор на 8 август 2025 година, на местото на Фатмир Меџити, кој претходно беше откриен дека истовремено бил и хонорарец во Министерството за здравство со месечен надомест од 1.000 евра, што предизвика нови полемики за злоупотреби во здравствениот систем.

За нов директор на Универзитетската клиника за неврологија денеска е поставен доктор Јован Божиновски, кој е именуван всушност за нов в.д. директор.


Фото: Принтскрин/Икс

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

OJO ЗА НАПАДОТ ВО ИНФОМАКС: Осомничениот обил врати и се заканувал на новинари и на гостинот дека ќе ги убие

OJO ЗА НАПАДОТ ВО ИНФОМАКС: Осомничениот обил врати и се заканувал на новинари и на гостинот дека ќе ги убие

СДСМ ја објави резолуцијата за мигрантите, eве што содржи

СДСМ ја објави резолуцијата за мигрантите, eве што содржи

Зимзоленд под лупа на институциите: Што се утврди и какви мерки ќе следат за забавниот парк во Скопје?

Зимзоленд под лупа на институциите: Што се утврди и какви мерки ќе следат за забавниот парк во Скопје?

Семејството на загинатата сопатничка во сообраќајката во Илинден бара одземање на пратеничкиот имунитет на Јанчев од Левица

Семејството на загинатата сопатничка во сообраќајката во Илинден бара одземање на пратеничкиот имунитет на Јанчев од Левица

Ќура: Изјавата на Мицкоски не ни ги наруши односите

Ќура: Изјавата на Мицкоски не ни ги наруши односите

Драган од Штип ја продолжува пчеларската традиција на прадедо му – наследство старо четири генерации што и денес создава природен мед

Драган од Штип ја продолжува пчеларската традиција на прадедо му – наследство старо четири генерации што и денес создава природен мед

„Филипче, како министер во Владата на Заев, работел на отворање на мигрантски камп во Бардовци“: Лефков од ВМРО - ДПМНЕ со реакција

„Филипче, како министер во Владата на Заев, работел на отворање на мигрантски камп во Бардовци“: Лефков од ВМРО - ДПМНЕ со реакција

Обвинителството бара продолжување на мерката притвор за таткото и една од ќерките-краварки во Крива Паланка

Обвинителството бара продолжување на мерката притвор за таткото и една од ќерките-краварки во Крива Паланка

Во Собранието пристигна предлогот за разрешување на Коцевски

Во Собранието пристигна предлогот за разрешување на Коцевски