26 Ноември, 2024
0.0307

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна новата учебна година, Филипче упати порака до учениците

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 01 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

СТАРТУВАШЕ НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА

Прв пат се организира учебна година во услови на епидемија, а неизвесноста е голема до крај. Дел од најмладите ученици од прво до трето одделение ќе седнат во училишните клупи, а нивните родители кои се согласија физички да присуствуваат во училиште, во разговор за Фактор велат дека радоста кај нивните деца е огромна.

-Епидемијата со корона вирусот ги смени нашите животи целосно, но сметам дека учениците треба да бидат присутни во училиште. Секако претходеше „обука“ на мојот син кој сега е трето одделение во однос на носењето маска и долги разговори дека рацете мора да се мијат постојано и да се ставаат средства за дезинфекција на училишниот материјал. Ми велат колешките кои одлучија нивните деца да следат онлајн настава дека сум многу храбра што го пуштам малиот во училиште. Јас велам дека не станува збор за храброст, оваа епидемија ќе трае многу подолго отколку што се надевавме, но тоа никако не смее да значи дека светот треба да застане. За сиот изминат период ние одиме на работа, а за учениците работното место е во училница. Најважно од се е да се почитуваат мерките за заштита . И во време на војни имало настава, вели Персида Стојановска, мајка на третодделенец.

Таа посочува дека жали што нејзината ќерка која е шесто одделение нема да има можност на почетокот лично да се запознае со класната и со останатите наставници, нагласувајќи дека  преминот во погорните одделенија е исклучително важен за успех во образованието.

ВЕНКО ФИЛИПЧЕ УПАТИ ПОРАКА ДО УЧЕНИЦИТЕ

Министерот за здравство Венко Филипче денеска во видео обраќање се обрати до родителите, учениците и образовните работници по повод почетокот на учебната година.

-Пандемијата предизвикана од Ковид-19 донесе брза и тектонска промена во образованието каква што не се памети во историјата. Верувам дека за многу од вас, новиот начин на кој се почнува оваа учебна предизвикува чувство на неизвесност. Знам дека многумина сакаат и бараат учењето да се одвива поинаку и искрено сите ги разбирам. Но, како здравствен работник и прв одговорен во битката со пандемијата, барам разбирање и поддршка за сите здравствени одлуки кои ги донесовме во однос на образовниот процес. Секоја одлука е базирана на примарната и најважна цел, заштитата на јавното здравје, заштитата на здравствениот систем и пребродување на кризата. Секоја одлука која ја донесовме е донесена со цел да се обезбеди добар, но и безбеден образовен процес. И ова е единствениот исправен пристап во услови кога нема идеално решение, потенцираше министерот Филипче.

Во своето обраќање, министерот Филипче истакна дека целосното отворање на училиштата кое го применија многу земји се покажа како исклучително голем ризик, а во неколку земји тоа значеше целосен крах на системот и враќање кон силни рестрикции.

НОВИ 162 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1350 тестирања, а регистрирани се 162 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-75, Куманово-14, Дебар-1, Штип-5, Прилеп-5, Тетово-13, Струга-1, Велес-2, Битола-5, Охрид-2, Кавадарци-2, Гевгелија-3, Струмица-10, Крива Паланка-3, Радовиш-4, Кочани-12, Пробиштип-1, Валандово-1, Виница-2, Свети Николе-1. 

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 109 оздравени пациенти од: Скопје-24, Куманово-10, Штип-4, Прилеп-11, Тетово-10, Струга-9, Велес-1, Битола-1, Охрид-9, Кавадарци-2, Гостивар-3, Гевгелија-2, Струмица-3, Крива Паланка-1, Кочани-13, Берово-2, Валандово-2, Свети Николе-2. 

Во болнички услови се починати 4 лица, тројца пациенти од Скопје (55, 80 и 81г) и еден од Штип (81г). 

БУГАРИЈА СИ ГО ПРИСВОИ 24 МАЈ

Собранието во Бугарија го преименува празникот 24 мај - наместо на се словенската, во  Ден на бугарската писменост.

Предлогот од партијата на Красимир Каракачанов со мнозинство гласови и поддржано од партијата на премиерот Бојко Борисов помина во парламентот. 

24 мај Софија повеќе нема да го слави како ден на словенската, туку како ден на Бугарската писменост, а кирилицата како бугарска, а не словенска азбука. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Агенцијата за млади и спорт за еден ден му исплатила 50 милиони денари на сметката на извршителот Дашмир Саити од Тетово, а 22,13 милиони денари од оваа сума се за казнени камати. Ова наведува на тоа дека можеби се работи за една од најголемите присилни наплати што ги направил една извршителска канцеларија кон одредена државна институција.

Присилно отпуштање на административци ќе нема. Ова ветување од власта му било дадено на Синдикатот на работниците од УПОЗ, дознава Фактор. Само ако некој сака доброволно да си замине од државна работа во приватниот сектор, каде што ќе има можност и за повисока плата, ќе ја напушти административната служба.

Ковид кризата донесе неизвесност во осигурителниот сектор, како и во целата економија. Од друга страна, свесноста за потреба од осигурување сè повеќе се зголемува во овој период, вели во интервју за Фактор, Маја Станковска Костова, генерален директор на Кроациа осигурување живот. 

За одлуката за целодневната настава што завчера ја донесе Владата веќе се информирани училиштата, потенцираше утринава министерката за образование и наука, Мила Царовска, додавајќи дека градоиначалниците по службена должност ја имаат дсобиено од страна на Владата и Министерството за образование

Познати интернационални ланци маркети, ама и познатиот бренд H&M, полските LPP и CCC планираат влез на македонскиот пазар. 

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ НА МИТРОПОЛИТОТ ТИМОТЕЈ ЌЕ БИДАТ ИЗЛОЖЕНИ ВО ХРАМОТ НА ПЛАОШНИК ДО КРАЈОТ НА ВЕЧЕРНАТА СЛУЖБА: Верниците се простуваат од Владиката

ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ НА МИТРОПОЛИТОТ ТИМОТЕЈ ЌЕ БИДАТ ИЗЛОЖЕНИ ВО ХРАМОТ НА ПЛАОШНИК ДО КРАЈОТ НА ВЕЧЕРНАТА СЛУЖБА: Верниците се простуваат од Владиката

МОНИКА ЗАЈКОВА КАКО ДА ГО ВПЕРУВА ПРСТОТ КОН МИЛЕВСКИ: Не сакам да верувам дека стои зад иницијативата за моја смена, но ако свесно го прави, тоа е работа на МНР

МОНИКА ЗАЈКОВА КАКО ДА ГО ВПЕРУВА ПРСТОТ КОН МИЛЕВСКИ: Не сакам да верувам дека стои зад иницијативата за моја смена, но ако свесно го прави, тоа е работа на МНР

Најстарата мајка се породи во Македонија во Клиниката за гинекологија во Скопје

Најстарата мајка се породи во Македонија во Клиниката за гинекологија во Скопје

ВАЖНА ВЕСТ ЗА СИТЕ НАШИ ШТО ЖИВЕАТ ВО ЕМИРАТИТЕ: Нема потреба да менувате возачки, македонските од сега важат и во ОАЕ

ВАЖНА ВЕСТ ЗА СИТЕ НАШИ ШТО ЖИВЕАТ ВО ЕМИРАТИТЕ: Нема потреба да менувате возачки, македонските од сега важат и во ОАЕ

ШТЕКЛИ ВРАБОТУВА! Бара професионално обезбедување, му требаат четири лица а ќе ги плаќа 3.000 евра по човек!

ШТЕКЛИ ВРАБОТУВА! Бара професионално обезбедување, му требаат четири лица а ќе ги плаќа 3.000 евра по човек!

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили