ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна постапката за екстрадиција на Палевски, адвокатот е повикан во полициска станица
Објавено во: Македонија 06 Декември, 2023
ПОЧНА ПОСТАПКАТА ЗА ЕКСТРАДИЦИЈА НА ПАЛЧО
Основното јавно обвинителство Скопје го изготви Барањето за екстрадиција од Република Турција на лице осомничено за две кривични дела – Грабнување од член 141 од Кривичниот законик, како и две убиства на свиреп начин (едно на малолетно лице и едно од користољубие) заедно казниви по член 123 став 3 од Кривичниот законик.
Јавниот обвинител побара од надлежните власти во Република Турција екстрадиција на лицето за кое е распишана меѓународна потерница, а од ИНТЕРПОЛ, Анкара е добиена информација дека на 05.12.2023 година е уапсен во Република Турција.АДВОКАТОТ НА ПАЛЕВСКИ Е ПОВИКАН ВО ПОЛИЦИЈА
Адвокатот Васко Стојков попладнево е викнат во полициска станица на распит. Стојков пред неколку дена изјави дека тој со неговото возило го однел Љупчо Палевски - Палчо во Белград на преглед и истиот ден се вратил во Македонија. Стојков вели дека тогаш воопшто не знаел дека Палевски е осомничен за двојно убиство.
Тој го однел Палевски во Белград на 3 декември, истиот ден кога малата Вања веќе била убиена.
ПАЛЧО ШИРЕЛ ГОВОР НА ОМРАЗА КОН СВЕШТЕНИЦИ
Во деновите што одминаа, нашето општество се помрачи, за жал, и со тешката вест за еден грозоморен духовен мрак. Сите ние разбравме за свирепото убиство на еден повозрасен честит човек и на едно невино јагне Божјо, 14-годишно немоќно девојче. И кој нормален човек би можел да остане рамнодушен на една таква вест, да не се вознемири и згрози од едно такво сатанско дело?! Едноставно, секоја човечка душа се исполнува со горчина и јад поради едно такво ѕвероподобно злосторство. И се разбира, бара одговорност. Бара победа на правдата. Природно му е на човековиот дух да се стреми кон справедливост. Не кон омраза, не кон одмазда, но кон правда. Оти едно од својствата на нашиот Творец е справедливоста.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.