ФАКТОР НА ДЕНОТ: Пожарите земаа уште една жртва, загина маж од кривопаланечко
Објавено во: Македонија 09 Јули, 2025 22:17
МАЖ ЗАГИНА ВО ПОЖАР БЛИЗУ КРИВА ПАЛАНКА
Полициски службеници од ОВР Крива Паланка во близина на пожар во село Лозаново, кривопаланечко пронашле починато лице.
Во присуство на јавен обвинител се врши увид.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, по седницата на владиниот Кризен штаб попладнево изјави дека има сомнежи дека дел од пожарите се подметнати.
Вели дека ова беше тежок ден за справување со пожарите.
„Причина за ширење во најголема мера беа неповолни временски услови и силен ветер, но за дел имаме основи на сомнение дека се подметнати од човечки фактор близу клучни инфрастриктурни капацитети, патишта, густо населени области и приватни објекти“, изјави Тошковски.Европскиот парламент денеска со 461 глас „за“, 121 „против“ и 107 „воздржани“ денеска го усвои Извештајот на австрискиот европратеник Томас Вајц за Македонија за 2023 и 2024 година.
Известувачот за Македонија, европратеникот Томас Вајц во изјава по гласањето рече дека бугарските европратеници го искористиле извештајот за домашни цели.
„Денеска го усвоивме првиот извештај за земјата од 2022 година. Северна Македонија е предводник во регионот, покажувајќи вистинска посветеност на вредностите на ЕУ, вклучително и историска промена на името и смели реформи. Но, нејзиното пристапување е неправедно блокирано предолго поради билатерални спорови, поттикнувајќи ја јавната фрустрација и разочарување од ЕУ.Премиерот Христијан Мицкоски во вонредно обраќање до нацијата го искритикува како историска неправда усвојувањето на извештајот за Македонија од страна на Европската комисија без споменување на „македонски јазик“ и „македонски идентитет“ во него, како што иницираше македонската дипломатија.
Тој наведе дека повеќе по овој момент нема да се разговара за уставни измени и ја повика опозицијата на обединување, како и на независните институции и организации на соработка.Можеби ќе ве интересира
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан
„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните




