Кој знае и може да произведе и продаде зеленчук за 6 милиони евра во шест месеци? И да направи профит од 2,5 милиони евра!!!
Објавено во: Анализа 09 Јули, 2025 07:38
Струмичката компанија „Оранжерии Хамзали“ има одлично деловно полугодие. Во првите шест месеци од производство и продажба на раноградинарски производи инкасирале приход што надмина 6 милиони евра. Значи просечно месечно оваа компанија одпродажба на сопственото производство прави приход вреден 1 милион евра.
Според известувањето на оваа компанија доставено до Македонската берза во нејзиното раноградинарско производство доминира доматот. Речиси целото производство е наменето за домашниот пазар и тоа е слично на истиот период лани. Поради зголемените цени на производство компанијата се фокусирала на домашната продажба за сметка на извозот кој е преполовен во споредба со претходната година. Инаку извозот во вкупната продажба учествува со 60.000 евра што е само 1 отсто од целиот приход од продажба.
Оперативните трошоци за производство за половина година изнесуваат 3,43 милиони евра и се за 31 отсто повисоки во однос на истиот период во претходната година. Најголема ставка во структурата на трошоци се суровините и другите материјали за штокомпанијата потрошила 1,21 милиони евра односно 26 отсто повеќе од истиот период во 2023 година.
Трошоците за вработените во првите шест месеци годинава пораснале за 15 отсто и изнесуваат 900.000 евра. Тоа е втора по големина расходна ставка на „Оранжении Хамзали“.
Оперативната добивка на ова друштво изнесува 2,82 милиони евра. Тоа значи дека како профит од генерираниот приход останува речиси половина, што е повеќе од пристоен резултат.
Во овој временски период компанијата немала финансиски приходи ниту расходи и затоа добивката останува иста. По одбивање на данокот на добивка нето добивката изнесува 2,54 милиони евра.
Од билансот на состојба е евидентно дека обврските на ова друштво на крајот на јуни годинава изнесуваат 11,6 милиони евра. Од тоа тековни обврски се 6,3 милиони евра,а останатото се долгорочни обврски. Во обврските краткорочните и долгорочните кредити учествуваат со нешто над 10 милиони евра.
Р.Ф.
Можеби ќе ве интересира
Историски отворени врати за членство во ЕУ, но „вратарот“ не попушта
Еден од пет луѓе во земјава користи ВИ алатки, во ЕУ речиси секој трет
Слаб обвинител силна власт - По што ќе се памети Љупчо Коцевски
Битка на резолуции за мигрантите - Кога СДСМ сака да биде поголемо ВМРО од Белата палата
Позадината на „Договорот на векот“: Преземањето на Warner е многу повеќе од стримингот на Netflix и HBO Max
Анѓеловска: Ризично е да се потпирате на ВИ алатки и ботови за правно советување




