26 Ноември, 2024
0.0327

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Регистрирани 535 заразени со коронавирус, Филипче најави рестрикции

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 15 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

ДЕНЕС ИМА НОВ ЦРН РЕКОРД НА ЗАРАЗЕНИ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2445 тестирања, а регистрирани се 535 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-277, Куманово-17, Дебар-7, Штип-22, Прилеп-26, Тетово-18, Струга-8, Велес-10, Битола-13, Охрид-4, Кавадарци-4, Гостивар-5, Гевгелија-24, Струмица-30, Крива Паланка-2, Радовиш-6, Кочани-12, Пробиштип-3, Демир Хисар-2, Македонски Брод-1, Валандово-5, Виница-1, Делчево-1, Свети Николе-9, Кичево-15, Ресен-8, Неготино-5.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 168 оздравени пациенти од: Скопје-68, Штип-4, Прилеп-14, Тетово-11, Струга-4, Велес-5, Битола-10, Охрид-2, Кавадарци-2, Гостивар-3, Гевгелија-5, Струмица-8, Кочани-14, Пробиштип-1, Берово-5, Виница-4, Делчево-2, Свети Николе-3, Кичево-1, Неготино-2.

Во болнички услови починати се 6 лица, пациенти од Битола (66г), Куманово (57г), Прилеп (72г), Свети Николе (69г), Велес (67г) и Неготино (55г).

ЌЕ ИМА НОВИ РЕСТРИКЦИИ

Министерот за здравство, Венко Филипче во Дневникот на Сител изјави дека предлагаат заострување на рестриктивните мерки.

Вели дека училиштата засега нема да се затвораат бидејќи таму бројките на новозаразени не се големи.

„На утрешниот состанок ќе дискутираме за тоа дали се потребни дополнителни рестрикции од кои што се сега во сила. Тоа би вклучувало рестрикција во јавниот превоз, ограничување на работата на угостителските објекти и одредени економски субјекти, компании. Дел од мерките може да се таргетирани во некои општини, некои може да важат на територијата на целата држава“, рече Филипче.

Прашан за евентуално воведување на нов полициски час Филипче рече дека се уште е рано и тоа може да се дискутира утре.

БУГАРСКИ ИСТОРИЧАРИ ДОЈДОА ВО СКОПЈЕ

Билатералната интердисциплинарна комисија од експерти за историски и образовни прашања како дел од Мешовитиот комитет пропизлезен од Договорот за добрососедство предводена од Ангел Димитров денеска пристигна во Скопје.

Десетата средба на билатералните комисии ќе се одржи денеска и утре по пауза од десетина месеци, а состанокот е забрзан во ситуација кога Бугарија наметнува нови услови за Македонија во ЕУ.

АПСЕЊЕ НА ШВЕРЦЕРИ НА МИГРАНТИ

МВР и Обвинителството спроведе акција за сузбивање на организирана криминална група што криумчарела мигранти, при што се приведени 10 лица.

Портаролот на МВР Тони Ангеловски соопшти дека оваа група мигрантите ги криумчарела од Грција, преку Северна Македонија, Србија, и натаму кон земјите на ЕУ. 

Криминалистичката истрага е отворена во декември 2019 година и во овие 10 месеци колку што трае истрагата биле прокриумчарени 100-тина мигранти, а трансферот на едно лице бил од 500 до 700 евра по лице. 

Организатори на криминалната група се две лица од Богданци, татко и син, како и едно лице од Лојане и едно од Скопје. Денеска се извршени претреси на 10 локации во Скопје, кумановско, штипско и гевгелиско и притоа се приведени 10 лица, а еден член на групата за истото дело од претходно е на издржување на мерка протвор. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Почнува расправата за ребалансот на буџетот денеска во Комисијата за финансирање и буџет во Собранието. Со ова прекројување на државната каса и новите проекции, прогнозата за пад на БДП се ревидира надолу на минус 4,4 проценти. 

Трочлениот женски судски совет на Основниот граѓански суд Скопје 1 , да се изразиме со речникот на бившиот реис за ИВЗ, „го прогласи за мртво“ тужбата на малцинските акционери во „Пекабеско“ со која се обидоа да ја поништат одлуката со која акционерот Слободан Кутревски на директорот Слободан Кутревски лани во јуни му даде награда за успешно менаџиерање од 1,2 милиони евра. 

Ремдесивир е моќен антивиротик од поновата генерација на антивирусни лекови, кој се употребува за лекување на пациентите заболени од Ковид-19, а за кој Владата вчера информираше дека Македонија ќе добие 500.000 дози преку Европската Унија, односно веќе е потпишан договорот со фармацевтската компанија „Gilead“ за да се набави лекот „Veklury“, чие генеричко име е  „Ремдесивир“. Доколку има потреба, Македонија ќе има можност да набави и дополнителни дози од овој лек.

Во последниве неколку денови, по Скопје, Струмица е вториот град кој претставува жариште на корона вирусот. Директорот на струмичкиот Центар за јавно здравје, д-р. Петре Витанов, во изјава за Фактор вели дека недисциплината на народот го урива здравствениот систем и за жал и покрај големиот број нови позитивни на ковид, во Струмица се уште има одреден процент граѓани кои не веруваат дека вирусот постои.

Откако во петокот минатата недела имаа средба со премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче, угостителите и музичарите сега се во исчекување да почнат со разговори работните групи, кои треба да ги дефинираат протоколите за нивна работа, но и да ги доутврдат мерките за помош на овие најзасегнати сектори од корона кризата во земјава.

Maкедонците добитници на ваучери за летување од 6.000 денари летувале убедливо најмногу во хотелот Инекс Дрим во Струга според исплатите на Министерството за финансии до 1 октомври.

Наближува почетокот на грејната сезона, со што е неопходно да се исчистат оџаците. Иако се потребни, сепак кај нас оџачарите се дефицитарни. 

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Лукаревска: „Фудбалчето“ на ДУИ ни се удри од глава

Лукаревска: „Фудбалчето“ на ДУИ ни се удри од глава

(ВИДЕО) БЕБЕТО ПЕТАР ГО ДОНЕСЕ НА СВЕТ НАЈВОЗРАСНАТА ПРВОРОТКА ВО ЗЕМЈАВА: „Медицината поместува граници“

(ВИДЕО) БЕБЕТО ПЕТАР ГО ДОНЕСЕ НА СВЕТ НАЈВОЗРАСНАТА ПРВОРОТКА ВО ЗЕМЈАВА: „Медицината поместува граници“

ДАНЕЛА НЕМА ДА СЕ КАНДИДИРА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЧКА НА СЛЕДНИТЕ ИЗБОРИ: Еве што рече таа во изјава за медиумите

ДАНЕЛА НЕМА ДА СЕ КАНДИДИРА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЧКА НА СЛЕДНИТЕ ИЗБОРИ: Еве што рече таа во изјава за медиумите

ЦИГАРИ, НАКИТ, ОБЛЕКА, ПАРФЕМИ - Цариниците со полни раце работа, спречен и шверц на мигранти

ЦИГАРИ, НАКИТ, ОБЛЕКА, ПАРФЕМИ - Цариниците со полни раце работа, спречен и шверц на мигранти

Крмов со објаснување: Му го навредија семејството на Апасиев, ова е втор инцидент со пратеници на ВМРО-ДПМНЕ

Крмов со објаснување: Му го навредија семејството на Апасиев, ова е втор инцидент со пратеници на ВМРО-ДПМНЕ

МОНИКА ЗАЈКОВА КАКО ДА ГО ВПЕРУВА ПРСТОТ КОН МИЛЕВСКИ: Не сакам да верувам дека стои зад иницијативата за моја смена, но ако свесно го прави, тоа е работа на МНР

МОНИКА ЗАЈКОВА КАКО ДА ГО ВПЕРУВА ПРСТОТ КОН МИЛЕВСКИ: Не сакам да верувам дека стои зад иницијативата за моја смена, но ако свесно го прави, тоа е работа на МНР

ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ НА МИТРОПОЛИТОТ ТИМОТЕЈ ЌЕ БИДАТ ИЗЛОЖЕНИ ВО ХРАМОТ НА ПЛАОШНИК ДО КРАЈОТ НА ВЕЧЕРНАТА СЛУЖБА: Верниците се простуваат од Владиката

ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ НА МИТРОПОЛИТОТ ТИМОТЕЈ ЌЕ БИДАТ ИЗЛОЖЕНИ ВО ХРАМОТ НА ПЛАОШНИК ДО КРАЈОТ НА ВЕЧЕРНАТА СЛУЖБА: Верниците се простуваат од Владиката

Најстарата мајка се породи во Македонија во Клиниката за гинекологија во Скопје

Најстарата мајка се породи во Македонија во Клиниката за гинекологија во Скопје

ВАЖНА ВЕСТ ЗА СИТЕ НАШИ ШТО ЖИВЕАТ ВО ЕМИРАТИТЕ: Нема потреба да менувате возачки, македонските од сега важат и во ОАЕ

ВАЖНА ВЕСТ ЗА СИТЕ НАШИ ШТО ЖИВЕАТ ВО ЕМИРАТИТЕ: Нема потреба да менувате возачки, македонските од сега важат и во ОАЕ