05 Декември, 2025
0.0329

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се намали бројот на опомени од „Безбеден град“

Објавено во: Македонија 03 Декември, 2025 22:26

Добивај вести на Viber

БРОЈОТ НА ОПОМЕНИ ОД „БЕЗБЕДЕН ГРАД“ СЕ НАМАЛИ

Министерството за внатрешни работи објави дека вчера, односно во текот на изминатите 24 часа, преку системот „Безбеден град“ се регистрирани вкупно 50.652 прекршоци,.

Прекршоците се регистрирани во регионот на Секторот за внатрешни работи во Скопјe. Во првите 24 часа камерите на „Safe city“ регистрираа 110.000 прекршоци

На 02.12.2025 година, регистрирани се вкупно 50.652 прекршоци, од кои 48.861 за брзо возење, 1.366 за поминување на црвено светло и 425 за нерегистрирани возила“, велат од Министерството за внатрешни работи.

СОБРАНИЕТО ЌЕ ФОРМИРА АНКЕТНА КОМИСИЈА ЗА ЧЕТИРИТЕ ТРАГЕДИИ

Собранието денеска донесе одлука да основа Анкетна комисија за утврдување на околностите во постапувањето на институциите за трагедиите и несреќите во Македонија. Анкетната комисија се формира на предлог на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ и ќе се фокусира на трагедиите во Кочани, во модуларната болница во Тетово и за „Дурмо турс“ кај Ласкарци, како и несреќата несреќата на ’Беса транс’ во Бугарија.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, образложи дека Анкетната комисија за утврдување на околностите во постапувањето на институциите за трагедиите има за цел да се утврдат сите пропусти во изминатиот период кои придонесоа за 138 жртви, со што добиените наоди понатаму би биле испратени до Владата и до Јавното обвинителство за да се лоцира доколку има политичка и кривична одговорност.

АДЕМ ЧУЧУЉ Е НОВИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА АНТИКОРУПЦИСКАТА КОМИСИЈА

Адем Чучуљ е избран за нов претседател на Државната комисија за спречување на корупција со 81 глас денес во Собранието. Овој избор доаѓа по разрешувањето на Татјана Димитровска, закоја претходно Обвинителството отвори предмет.

Со освоени 96,50 бодови на ранг-листата на собраниската Комисија за селекција, актуелниот генерален секретар на ДКСК стана прв фаворит за позицијата прв антикорупционер.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Министерството за внатрешни работи веќе трет ден го тестира системот Безбеден град, со кој треба да се воспостави сообраќаен ред во земјава. 

Работата во државни институции, особено во регулаторните тела  или пак во разни агенции е особено примамлива за македонските граѓани. Платите кои ги добиваат вработените во овие институции остануваат меѓу највисоките во земјава, што дополнително влијае на тоа граѓаните да сакаат да работат „на државно“.

Поголемиот број на градоначалници по завршените локални избори ги доставија анкетните листови до Државната комисија за спречување на корупција, но само мал дел меѓу нив ги објавиле своите нето плати.  Речиси сите кои транспарентно ги објавиле платите се од општините со помалубројно население, додека оние од поголемите не ги навеле овие податоци.

При неодамнешната посета на казнено-поправната установа Идризово, екипата на „Женски магазин“ имаше можност да направи увид во условите во полуотвореното одделение – дел од затворот кој е предвиден за осудени лица со подобро однесување и олеснет режим.

foto freepik.com

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени

УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“

CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино

CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино

(ВИДЕО) Пожар изби во Старата скопска чаршија

(ВИДЕО) Пожар изби во Старата скопска чаршија

Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец

Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец

УХМР за утре сподели „жолт хидроаларм“ - каде се можни излевања?

УХМР за утре сподели „жолт хидроаларм“ - каде се можни излевања?

ТАЖЕН КРАЈ: Исчезнатот Миле Тодоров од Неготино е најден починат

ТАЖЕН КРАЈ: Исчезнатот Миле Тодоров од Неготино е најден починат

Костадинов ги отфрла наводите во кривичната пријава: „Стојам на располагање на надлежните“

Костадинов ги отфрла наводите во кривичната пријава: „Стојам на располагање на надлежните“

Град Скопје со препораки: Затоплувајте се само со суво и чисто дрво

Град Скопје со препораки: Затоплувајте се само со суво и чисто дрво