15 Декември, 2025
0.0342

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Семејството на Фросина Кулакова бара Судскиот совет да покрене дисциплинска постапка за судијката

Објавено во: Македонија 14 Мај, 2025 22:37

Добивај вести на Viber

КУЛАКОВИ БАРААТ ДИСЦИПЛИНСКА ЗА СУДИЈКАТА

Неколку барања испрати семејството на загинатата Фросина Кулакова од протестот попладнево по пресудата од 12 години за Васил Јованов, кој ја прегази на Партизанска на почетокот на годинава. 

Бараат Апелација да пресуди максимална казна од 20 години за Јованов, да се поведе дисциплинска постапка за судијката што му пресуди 12 години затвор, да се даде одговор дали имало влијанија врз пресудата, се дел од барањата на семејството. 

За таткото на Фросина, Тодор Кулаков,  сомнителна е одлуката на Врховен  да ја укине пресудата за Јованов од 3 години и 10 месеци за трговија со дрога и да ја врати пред Апелација.

ТАРАВАРИ УТРЕ ЌЕ ЈА ПОДНЕСЕ ОСТАВКАТА

Министерот за здравство Арбен Таравари за ТВ 24 вели дека тој ќе ја поднсесе оставката утре. Очекува за останатите негови функционери да има разрешување. Тврди дека и двајцата заменици, но и вицепремиерот Арбен Фетаи ќе го следат. За разлика од Таравари, висок функционер од ВМРО-ДПМНЕ тврди дека Фетаи останува во Владата.  Фетаи и денеска како и вчера ја повтори изјавата која ја даде за ТВ 24, дека уште е рано за одлука. 

ОБЈАВЕНИ СЕ ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ФОТОГРАФИИ ОД ПОВРЕДЕНИТЕ ВО КОЧАНИ

Дел од повредените во страшниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани се соочуваат со големи проблеми по враќањето дома, поради недостиг на соодветен третман за нивните изгореници или пак поради недостиг на други потребни елементи. 

На социјалните мрежи организациајта „Супорт Кочани“ (Поддршка Кочани) сподели вознемирувачки фотографии од дел од пациентите за кои, според нивните објави, не можат да бидат третирани во Кочанската болница. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Комерцијалните банки стануваат поотворени кон компаниите, и кон кредитирањето на бизнис заедницата. Во последниот извештај на НБРСМ за ризиците во секторот се објавени и податоци за кредитирањето, во кој може да се види дека кредитирањето на компаниите расте

Двете грчки фирми од кои ЕСМ купува увозен јаглен за потребите на РЕК Битола во минатата година направиле заеднички вкупен приход од повеќе од 90 милиони евра. Дуото трговци кое „доминира“ во јавните повици за доставување на јаглен се етаблира во Македонија во последните една-две години по речиси целосното исцрпување на резервите од постоечките рудници.

Планот го натфрлиле, ама потфрлиле во поглед на профитот во однос на првиот квартал од ланската година. Вака некако може да се толкуваат резултатите на компанијата специјализирана за хемиски материјали наменети за градежништво, „Адинг“.

Што значи, во економска смисла, град со петнаесетина илјади жители на најфреквентата македонска граница? Комбинација од бизниси на лесна индустрија, производство на конзервирана храна, неизбежните казина за забава на соседите од Грција, локални ланци за малопродажба и неизбежните погранични шпедитерски услуги....

Од угостителските објекти во градот Кочани велат дека жителите ги одложуваат семејните веселби, затоа што сега на никој не му е дојдено до музика и ќе треба време  состојбата да се нормализира, по пожарот кој се случи на 16 март годинава во дискотеката „Пулс“ каде загинаа 62 луѓе. 

Претставник на владеачкото мнозинство во последната фаза пред усвојувањето на Предлог-законот за енергетика, кој се подготвува две години, уфрлил амандман во собраниската процедура, според кој се бара бришење на точка од членот 47, со што за членови на Регулаторната комисија за енергетика ќе можат да бидат избрани експерти кои директно би дошле на оваа позиција од компаниите од енергетскиот сектор.

Можеби ќе ве интересира

(ФОТО+ВИДЕО) Скопје блесна во новогодишно руво

(ФОТО+ВИДЕО) Скопје блесна во новогодишно руво

Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги

Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги

Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку

Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години

Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст

Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации

ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти