ФАКТОР НА ДЕНОТ: Скопјанецот кој истепа млади фудбалери во Штип доби осум дена притвор
Објавено во: Македонија 25 Август, 2025 22:21
СКОПЈАНЕЦОТ КОЈ ИСТЕПА МЛАДИ ФУДБАЛЕРИ ВО ШТИП ДОБИ ПРИТВОР
Осум дена притвор доби 43-годишниот родител од Скопје кој вчера физички нападна двајца млади фудбалери за време на фудбалскиот натпревар за генерацијата 2009-2010 помеѓу клубовите „Скопје“ и „Брегалница“ на стадионот „Бело Брдо“ во Штип.
Судијата на претходна постапка и портпарол на Основниот суд во Штип, Сашко Георгиев, потврди дека на лицето од Скопје, А.А., му е одреден притвор од осум дена, по што ќе следи скратена постапка. Осомничениот ќе биде испратен во затворот во Куманово.Врз основа на собраните изјави, службени извештаи и пријавата доставена од Комисијата за млади категории во рамки на ФФМ, Првостепената дисциплинска комисија на ФФМ отвори и заврши неколку дисциплински постапки во согласност со Дисциплинскиот правилник (ДП) на ФФМ.
ЗА ДАНОЧНА ИЗМАМА СЕ ОСОМНИЧЕНИ 13 ЛУЃЕ
Денешната акција спроведена на повеќе локации низ државата е резултат на двегодишна предистражна постапка што ја водеше Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во тесна соработка со Управата за финансиска полиција.
Постапувајќи по кривичната пријава, надлежен обвинител од ОЈО ГОКК донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против 13 лица, меѓу кои се и четворица косовски државјани и една државјанка на Република Хрватска.МЕЧКИ СЕ ШЕТААТ ВО ТЕТОВСКО
Мечка влезе во селото Отуње, Тетовско, и јадеше остатоци од храна кои жителите ги оставиле на терасата. Домаќините во тој момент биле во куќата и со мобилен телефон ја снимиле мечката, пренесува Тетовоинфо.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Можеби ќе ве интересира
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје




