26 Ноември, 2024
0.0280

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Софија вели дека уставните измени не се единствен услов, Османи и Маричиќ дадоа свој став

Објавено во: Македонија 18 Декември, 2023

Добивај вести на Viber

СОФИЈА ВЕЛИ ДЕКА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ НЕ СЕ ЕДИНСТВЕН УСЛОВ ЗА МАКЕДОНИЈА

Уставните измени не се единствен услов за Maкедонија за членството во Европската Унија(ЕУ), велат од официјална Софија. 

Шефицата на бугарската дипломатија, Марија Габриел појаснува дека Бугарија нема да дозволи попуштање во обврските кои треба да ги исполни државава на патот кон ЕУ.

„Ние имаме три меѓусебно поврзани инструменти и многу јасен став на Националното собрание… Бугарија има многу јасна позиција пред целата Европска Унија. Ние сме земја членка и како такви со нашите барања до РСМ порачуваме дека кога сакаш да бидеш членка на Европската Унија мора да ги исполниш обврските што самиот си ги презел“, вели Габриел.

ДИМИТРОВ ВЕЛИ ДЕКА ЕУ ТРЕБА ДА ДОСТАВИ КРЕДИБИЛНА ПОНУДА ДО ЗЕМЈИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН

Ако набргу не успееме да го исполниме европскиот сон на нашето соседство, за десет години ќе го загубиме, а со него ќе имаме изгубено една генерација, истакнува поранешниот министер за надворешни работи на Северна Македонија Никола Димитров, говорејќи за грчкиот весник „Авги“. 

За ЕУ перспективата Димитров коментира „децата родени во Северна Македонија, кога земјата стана кандидат, сега веќе гласаат и немаат видено ниту еден процент напредок“, а според него, вината ја имаат и самите земји и самата ЕУ, бидејќи „ЕУ се преправа дека прави проширување, а земјите кандидати се преправаме дека реформираме“.

Смета дека е време ЕУ да достави кредибилна понуда до земјите од Западен Балкан. 

АНГЕЛОВ ГО КРИТИКУВА СДСМ

Претседателот на Достоинство, Стојанче Ангелов, воедно и директор на Центарот за уравување со кризи, утрово изјави дека за него соработката со СДСМ е минато и кажа: „потфрливме како влада“. 

„Соработката со СДСМ веќе е минато“, потенцира утрово во емисијата „Еспресо со Златев и Боцевски“ првиот човек на Центарот со управување со кризи, Ангелов.

На новинарско прашање за идна соработка со СДСМ,  Ангелов не го криеше незадоволство од власта, а особено се осврна на црната листа и извештајот од Европската Комисија.

„НАЈДИ МЕ“ И ВО МАКЕДОНИЈА

Во организација на граѓанските организации и со поддршка на мнистерството за внатрешни работи денеска се одржа завршната конференција на проектот „Пилот-проект за систем за рано предупредување за исчезнати деца“, на која се промовираше веб-страницата на систем за рано предупредување за исчезнати деца ,најдиме.ком.мк веб-страницата ќе биде на три јазици - македонски, албански и ромски, а ќе фунционира со поддршка на МВР.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Двете друштва на ЕСМ кои го обезбедуваат Скопје со електрична енергија, и во третиот квартал од годинава се меѓу десетте најголеми државни должници, со најголем процент на доспеани, а неплатени обврски. Истата состојба беше регистрирана и на крајот на првото полугодие од годинава.

„Комерцијална банка“ докупи 14 проценти акции во КБ Публикум инвест и со тоа стана акционер што поседува над 75 отсто од сите акции во оваа фирма. КБ Публикум инвест управува со шест инвестициски фондови вредни 75 милиони евра. 

Најголемата бугарска компанија за онлајн обложување Телематик Интерактив Бугарија на 14 декември ја извести бугарската берза дека ќе приредува онлајн обложување во Македонија преку потпишан договор со АД Државна лотарија за заедничко трговско друштво. 

Каков е ефектот од мерките за заштита на стандарот на граѓаните, дали новите мерки кои ќе се применуваат следниве месеци се „предизборен маркетинг“, но и идните планови за заштита на граѓаните се дел од темите на кои разговаравме со министерот за економија, Крешник Бектеши. 

foto freepik.com/user17364411

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

СРЕДБА НА СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА СО ФИЛИПЧЕ: Ризикот може да биде многу голем доколку настане фузија на двете безбедносни агенции

СРЕДБА НА СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА СО ФИЛИПЧЕ: Ризикот може да биде многу голем доколку настане фузија на двете безбедносни агенции

БЕЏЕТИ: Првпат слушам дека имало средба во вилата „Водно“ за враќање на Груевски

БЕЏЕТИ: Првпат слушам дека имало средба во вилата „Водно“ за враќање на Груевски

СКОПЈЕ ПАК ВО ТОП 10: Сараево е најзагадениот град во светот и таму преземаат мерки

СКОПЈЕ ПАК ВО ТОП 10: Сараево е најзагадениот град во светот и таму преземаат мерки

ЕКСПЛОДИРАШЕ ПЛИНСКА БОЦА: Скопјанка со изгореници заврши во болница

ЕКСПЛОДИРАШЕ ПЛИНСКА БОЦА: Скопјанка со изгореници заврши во болница

РЕСЛЕР ЗА МАКЕДОНСКО-БУГАРСКИТЕ ОДНОСИ: Унијата може да биде помагател, може да биде медијатор

РЕСЛЕР ЗА МАКЕДОНСКО-БУГАРСКИТЕ ОДНОСИ: Унијата може да биде помагател, може да биде медијатор

БУЈАР ОСМАНИ ТРЕНИРА РОБОТСКА ХИРУРГИЈА ЗА ТРЕТМАН НА РАКОТ - поранешниот министер се пофали од Осло

БУЈАР ОСМАНИ ТРЕНИРА РОБОТСКА ХИРУРГИЈА ЗА ТРЕТМАН НА РАКОТ - поранешниот министер се пофали од Осло

Лукаревска: „Фудбалчето“ на ДУИ ни се удри од глава

Лукаревска: „Фудбалчето“ на ДУИ ни се удри од глава

(ВИДЕО) БЕБЕТО ПЕТАР ГО ДОНЕСЕ НА СВЕТ НАЈВОЗРАСНАТА ПРВОРОТКА ВО ЗЕМЈАВА: „Медицината поместува граници“

(ВИДЕО) БЕБЕТО ПЕТАР ГО ДОНЕСЕ НА СВЕТ НАЈВОЗРАСНАТА ПРВОРОТКА ВО ЗЕМЈАВА: „Медицината поместува граници“

ДАНЕЛА НЕМА ДА СЕ КАНДИДИРА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЧКА НА СЛЕДНИТЕ ИЗБОРИ: Еве што рече таа во изјава за медиумите

ДАНЕЛА НЕМА ДА СЕ КАНДИДИРА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЧКА НА СЛЕДНИТЕ ИЗБОРИ: Еве што рече таа во изјава за медиумите