01 Декември, 2024
0.0322

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Суспендираниот обвинител Хајрулахи обвинува за притисок

Објавено во: Македонија 12 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

СУСПЕНДИРАНИОТ ОБВИНИТЕЛ ТВРДИ ДЕКА САКААТ ДА ГО ОЦРНАТ

Суспендираниот шеф на Вишото јавно обвинителство, Мустафа Хајрулахи, против кој обвинителството во Штип отвори истрага за мобинг и злоупотреба на службената должност обвинува дека целиот случај има заднина. 

Тој го спомена државниот обвинител Љупчо Коцевски и една обвинителка, која како што кажа има претензии да го заземе неговото место. Хајрулахи не сакаше да каже дали се работи за обвинителката Фатиме Фетаи. Вели дека не знае кој од обвинителите, му поднел пријава за малтретирање на работно место. Како што кажа, кривичната е поднесена на 31 октомври. 

„Дојдоа кај мене тројца од четворицата обвинители од вишото и ми признаа дека имале инструкции и оти биле излажани, така им било кажано, да се оцрни мојата работа. Ми рекоа: обвинителе, ќе ве разрешат и ќе дојде на вашето место обвинителката која го сака тоа место“, објасни суспендираниот обвинител.

АХМЕТИ СЕ ЗАКАНУВА

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, се закани со масовна реакција на Албанците доколку Уставниот суд донесе одлука да го промени или укине Законот за употреба на јазиците. Ахмети изјави дека „ако се допре албанскиот јазик, сите Албанци ќе се кренат на нозе“.

Ахмети ги уверил членовите дека нема да дозволи уништување на постигнатите права на Албанците. Тој на средба со поддржувачите во Шуто Оризари зборувал за обидите за укинување на албанскиот јазик и понижувањата што ги трпат Албанците.

ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ОТПОВИКА СЕДУМ АМБАСАДОРИ

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова потпиша Укази за отповикување на седум амбасадори, меѓу кои и Дане Талески, македонскиот амбасадор во НАТО. Според одлуката, Талески ќе остане амбасадор до 15 јануари 2025 година.

Се работи за вонредни и ополномоштени амбасадори во пет земји, и две организации. За останатите дипломати мандатот завршува на 30 ноември годинава.

Меѓу отповиканите се Данчо Марковски во Албанија и Теуга Агаи Демјаха која е шефица на постојаната мисија на Македонија во Организацијата на ОН во Женева.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Поранешниот генерален секретар на Владата и обвинет за случајот „Софтвери“, Драги Рашковски, академската кариера ја менува со бизнис амбиција. Поранешниот функционер станува претприемач со основање на фирмата „Демра Холдинг“ засега регистрирана на неговата адреса на живеење во скопски Аеродром.

Кога зборуваме за гиганти во македонската индустрија, не ги гледаме само нивните чисти добивки, туку пред се приходите што ги остваруваат од основната дејност. Приходите од оперативното работење, или подобро речено од кор бизнисот на одредено акционерско друштво, најдобро говорат колку е тоа моќно и стабилно, и колку е перспективна дејноста со која тоа се занимава. Но, тоа не значи дека и конечните добивки не се битни показатели.

Тетовската градежна компанија „Изо стоне“ не издраж ниту еден месец во „Македонијатурист“. Денеска во две блок трансакции оваа компанија ги продаде сите свои акции во „Македонијатурист“.

На тендер за чистење на државни канцеларии, ходници, тоалети, подруми, гаражи и патеки стигнале две понуди, а добитната е пониската за неполни 2.000 евра. За три години компанијата што го доби тендерот ќе наплати 4,55 милиони евра. Проекцијата на СОЗР била дека тендерот ќе чини над 9 милиони евра.

Кои се производи би може да поевтинат во случај да бидат прифатени предолог измените на Законот за данок на додадена вредност на опозициската СДСМ. Листата е долга, а особено привлекува внимание поевтинувањето на основните прехрамбени продукти.

Годинава за прв пат во последниве пет години оперативната добивка на хотелите на „Македонијатурис“ конкурира на финансиските приходи од нејзините краткорочни вложувања во акции, депозити и удели во инвестициски фондови. Ова значи дека по пет години компанијата конечно ги зголеми приходите од кор дејноста (особено по реновирањето на „Холидеј Ин“) да можат да парираат на финансиските приходи

За многу пациенти кои поминале низ сложени операции, тешката битка не завршува на хируршката маса. Напротив, вистинската неизвесност започнува со чекањето на резултатите од хистопатолошките анализи, кои за многумина значат или смирувачки одговор дека се здрави или, пак, аларм за понатамошно лекување.

Луѓето од околината на Валандово и oд другите делови на Македонија кои произведуваат јапонски јаболка, се трудат што поскоро да го продадат родот. Голем дел од нив не се задоволни од откупот годинава.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ОЧЕКУВАМ ИЗВИНУВАЊЕ, ВО СПРОТИВНО ЌЕ ТУЖАМ - Груби ги демантира Вреди, вели дека нема врска со инцидентот

ОЧЕКУВАМ ИЗВИНУВАЊЕ, ВО СПРОТИВНО ЌЕ ТУЖАМ - Груби ги демантира Вреди, вели дека нема врска со инцидентот

СНЕГ ОД ЕДЕН МЕТАР И ПАДНАТИ ДРВЈА НА ПАТОТ КОН СЕЛОТО МИХАЈЛОВО - Јанчев: На терен сме до целосно расчистување

СНЕГ ОД ЕДЕН МЕТАР И ПАДНАТИ ДРВЈА НА ПАТОТ КОН СЕЛОТО МИХАЈЛОВО - Јанчев: На терен сме до целосно расчистување

„АКО Е ПРЕКРШЕН ЗАКОНОТ, ЌЕ ИМА САНКЦИИ И ЗА ДИРЕКТОРОТ И ЗА НАСТАВНИЦИТЕ“ - инспектори од Просветен инспекторат утре ќе одат во Челопек

„АКО Е ПРЕКРШЕН ЗАКОНОТ, ЌЕ ИМА САНКЦИИ И ЗА ДИРЕКТОРОТ И ЗА НАСТАВНИЦИТЕ“ - инспектори од Просветен инспекторат утре ќе одат во Челопек

АНДИ ИСМАИЛИ ОД МАКЕДОНИЈА ОСВОИ ЗЛАТЕН МЕДАЛ ВО МОДЕРЕН ТАНЦ И ЈА ПЕЕШЕ МАКЕДОНСКАТА ХИМНА - браво шампионе во конкуренција од 72 танчери

АНДИ ИСМАИЛИ ОД МАКЕДОНИЈА ОСВОИ ЗЛАТЕН МЕДАЛ ВО МОДЕРЕН ТАНЦ И ЈА ПЕЕШЕ МАКЕДОНСКАТА ХИМНА - браво шампионе во конкуренција од 72 танчери

ДУИ ЖЕСТОКО ИМ ВОЗВРАТИ НА ВРЕДИ: Немаме врска со инцидентите со знамето, ќе преземеме мерки за лажните обвинувања

ДУИ ЖЕСТОКО ИМ ВОЗВРАТИ НА ВРЕДИ: Немаме врска со инцидентите со знамето, ќе преземеме мерки за лажните обвинувања

ВАКА ЖЕНИТЕ ОД СДСМ ГО ПРОСЛАВИЈА ЖЕНСКИОТ АКТИВИЗАМ: Да се бориме против родово базираното насилство и растечкиот број фемициди

ВАКА ЖЕНИТЕ ОД СДСМ ГО ПРОСЛАВИЈА ЖЕНСКИОТ АКТИВИЗАМ: Да се бориме против родово базираното насилство и растечкиот број фемициди

„АЛБАНСКОТО ЗНАМЕ НЕ Е САМО ЗНАМЕ, ТУКУ И НАЦИОНАЛЕН СИМБОЛ, МОИТЕ ПРЕДЦИ СО НЕГО ПРАВЕЛЕ СВАДБА, ЌЕ ПРАВАМ И ЈАС“ - Салиу вели дека последен пат пишува за национални теми

„АЛБАНСКОТО ЗНАМЕ НЕ Е САМО ЗНАМЕ, ТУКУ И НАЦИОНАЛЕН СИМБОЛ, МОИТЕ ПРЕДЦИ СО НЕГО ПРАВЕЛЕ СВАДБА, ЌЕ ПРАВАМ И ЈАС“ - Салиу вели дека последен пат пишува за национални теми

ЗА СЕКСУАЛНИ УСЛУГИ НАПЛАЌАЛЕ И ПО 800 ЕВРА ОД НОЌ, А ЕВЕ ГИ И ДРУГИТЕ ЗЛОДЕЛА - МВР разби опасна мрежа на проституција, четворица уапсени

ЗА СЕКСУАЛНИ УСЛУГИ НАПЛАЌАЛЕ И ПО 800 ЕВРА ОД НОЌ, А ЕВЕ ГИ И ДРУГИТЕ ЗЛОДЕЛА - МВР разби опасна мрежа на проституција, четворица уапсени

СЕМЕЈСТВОТО СО ДВЕ МАЛИ ДЕЦА Е НА БЕЗБЕДНО - биле заглавени во снегот на патот пред Хотел Радика

СЕМЕЈСТВОТО СО ДВЕ МАЛИ ДЕЦА Е НА БЕЗБЕДНО - биле заглавени во снегот на патот пред Хотел Радика