ФАКТОР НА ДЕНОТ: Во регионот патување без ПЦР тест, а денес имаме 225 заразени со Ковид -19
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 06 Октомври, 2020
МАКЕДОНЦИТЕ ВО ЗЕМЈИ ОД РЕГИОНОТ ЌЕ ПАТУВААТ БЕЗ ПЦР ТЕСТ
Од следниот понеделник овозможен е непречен влез на странските државјани од Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина, без приложување медицинска потврда со негативен ПЦР тест( RT PCR SARS CoV-2 тест). Владата пред малку ја усвои оваа одлука која следува по координација со министерствата за здравство од регионот.
Веста ја објави на фејсбук премиерот Зоран Заев. Во овие земји, за кои нивните граѓани досега имаа обврска при влез/транзит во нашата земја да приложат негативен RT PCR SARS CoV-2 тест, по принципот на реципроцитет е договорено и нашите граѓани да патуваат во овие земји, без обврска да приложат негативен тест.
„Оваа одлука е донесена по доставен предлог и позитивно мислење на Комисијата за заразни болести според кое до овој момент нема индикации или висок број на влезени позитивни случаи од странски држави, а со тоа и нема висок ризик по јавното здравје. Одлуката е донесена заради остварувањето на неопходните потреби на граѓаните, при што Владата апелира патувањето да се сведе на минимум и исклучиво за неодложни потреби и со целосно и доследно применување на сите мерки за лична заштита од КОВИД-19, напиша Заев.ДЕНЕС ВИСОКА БРОЈКА НА ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1841 тестирања, а регистрирани се 225 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-120, Куманово-10, Штип-8, Прилеп-15, Тетово-17, Струга-6, Битола-7, Охрид-4, Гостивар-1, Гевгелија-3, Струмица-13, Крива Паланка-2, Кочани-6, Пробиштип-2, Берово-3, Виница-1, Делчево-1, Свети Николе-3, Кичево-2, Неготино-1 .
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 159 оздравени пациенти од: Скопје-56, Куманово-13, Прилеп-10, Тетово-10, Струга-2, Битола-3, Охрид-1, Кавадарци-2, Гостивар-9, Гевгелија-2, Струмица-14, Крива Паланка-3, Радовиш-2, Кочани-14, Пробиштип-2, Македонски Брод-1, Берово-2, Делчево-1, Свети Николе-4, Кичево-7, Неготино-1.
Во болнички услови починати се 8 лица, два пациенти од Скопје (75г. и 68г.), три пациенти од Гостивар (82, 68 и 65г.), од Кочани (69г.), од Струга (78г.) и Струмица (64г.).ВЛАСТИТЕ ЗАДОВОЛНИ ОД ИЗВЕШТАЈОТ НА ЕК
Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров вели дека вториот дел од периодот што го покрива извештајот на Европската комисија беше полн со предизвици.
Изјави дека Македонија постигна напредок и се задоволни од целокупната оценка на Европската Комисија.
Според Димитров, оценката за вкупната подготвеност за напредок на Македонија е 3, 11 или добро ниво на подготвеност, што значи дека споредебено со лани има одредено поместување во нагорна линија, затоа што оценката за подготвеност лани била 3,06.
Напредувања се забележани во борбата против корупција, трговски друштва, земјоделство, образование.СО СПРЕЈ ИЧКРТАНИ ТАБЛИТЕ НА СПОМЕНИЦИТЕ ВО СКОПЈЕ И БИТОЛА
Синоќа новопоставените табли на статуите од мосотот „Око“ во Скопје се испрскани со црвен спреј.
Изминатите денови беа поставени знаци со дообјаснување дека личностите кои имаат свои монументи на мостот се дел од „хеленистичка историја“.
Објаснувањето на метални плочи пред спомениците е дел од обврската преземена од Македонија со Договорот од Преспа,
Одлуката на властите предизвика бурни реакции кај дел од граѓаните на социјалните мрежи.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.