17 Јули, 2025
0.0564

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Во земјава нови 188 позитивни на Ковид -19, договор меѓу СДСМ и ДУИ засега нема

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 29 Јули, 2020 20:14

Добивај вести на Viber

ВО МАКЕДОНИЈА ИМА НОВИ 188 ПОЗИТИВНИ, МЕЃУ НИВ И ДЕЦА

За 24 часа во земјава се направени 1.971 тестирање, а регистрирани се 188 нови случаи на Ковид-19. 

Најголем дел од нив се во Скопје-44, Куманово-21, Дебар-1, Штип-18, Тетово-24, Струга-21, Велес-1, Битола-5, Охрид-6, Кавадарци-3, Гостивар-23, Крива Паланка-1, Кочани-1, Пробиштип-2, Демир Хисар-1, Македонски Брод-3, Кичево-10, Ресен-1, Неготино-2.

Институтот за јавно здравје денеска регистрира 268 оздравени пациенти од: Скопје-105, Куманово-23, Дебар-2, Штип-1, Прилеп-1,Тетово-41, Струга-22, Велес-5, Битола-3, Охрид-19, Гостивар-12, Радовиш-1, Пробиштип-3, Демир Хисар-1, Св.Николе-12, Кичево-13, Ресен-4.

„Починати се 5 лица, пациентка од Скопје (62г.), пациент од Битола (74г.), пациентка од Куманово (78г.), двајца пациенти од Тетово (61г. и 76г.). Четири пациенти се починати во болнички услови, а еден вонболнички“, информираат од Министерството за здравство. 

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10503, бројката на оздравени пациенти е 5.931, на починати е 476, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4.096.

Во Битола има 5 нови случаи на заразени со коронавирусот, а меѓу нив и две дечиња на возраст од 1 и 4 години. 

Останатите позитивни лица се на возраст од 38, 39 и 45 години.

НЕМА ДОГОВОР МЕЃУ СДСМ И ДУИ

Откако Коха објави дека има договор за мнозинство, и за Албанец премиер, Артан Груби од ДУИ на Фејсбук напиша дека ДУИ е транспарентна партија и сите процеси ги води со вклучување и известување на граѓаните. 

Вели дека вестите кои се појавија во медиумите не се потврдени од нивна страна, а кога ќе има нешто ќе ја известат јавноста. 

Според она што го пишува, детали не се договорени иако имало пост изборни разговори со СДСМ, како што додава за доброто на граѓаните и на државата. 

Потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири, откако весникот Коха објави дека веќе е договорена коалиција меѓу Зоран Заев, Али Ахмети, Билал Касами и Мендух Тачи, на Фејсбук напиша дека гладна кокошка, просо сонува. 

УЧЕНИЦИТЕ СЕ ВРАЌААТ НА НАСТАВА ВО СЕПТЕМВРИ

Oткако Фактор објави дека учениците една недела ќе бидат во училиште, а една недела онлајн, Тв 21 доби потврда за ова од Министерството за образование. 


Со маски и вршејќи редовна дезинфекција на рацете и со часови кои ќе траат по 20 минути. Вака ќе се одвива наставата од септември. Ако една паралелка има поголем број ученици, тогаш ќе биде поделена во две групи, а наставата ќе ја држи истата наставничка. 

ШИЛЕГОВ САКА УНИВЕЗАЛНА ДА СЕ РЕСТАВРИРА

Можен е и референдум за ликот на Универзалната сала, најави денеска градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов. Два дена јавноста се бранува за конкурсот што градот го објави за парк сцена кај старата Универзална. Шилегов денеска одржа брифинг на кој ги објаснуваше сите опции за салата која е обележје на главниот град. Додека граѓаните сметаат дека таа не смее да се чепка односно треба само да се реставрира, Шилегов вели дека и тоа е опција. Впрочем имало три идеи, но за сите се потребни и доста пари. 

Лично градоначалникот смета дека најдобро е постојната сала да се реставрира, а на друго место да се изгради и нова поголема сала. Во таа насока следните чекори би биле распишување конкурс за реставрација на Универзална сала, како и конкурс за одредување локација за уште еден, нов објект од таков вид.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Првиот човек на „Алкалоид“, Живко Мукаетов за Рес публика вели дека пандемијата го промени односот кон семејството и тоа на подобро.

Се уште нема никаква информација за тоа кој го извршил хакерскиот напад на интернет страницата на Државната изборна комисија на денот на изборите и кој бил мотивот.

И обичниот сезонски грип во некои случаи кај пациентите знае да остави последици на срцето во форма на воспаление.

Од денеска и во Јавното претпријатие „Исар“ во Штип има три случаи потврдени со корона вирусот. 

Околу 50 е повторно бројката на заразени денеска во Скопје, што значи овој тренд од пред десеттина дена се уште трае.

Можеби ќе ве интересира

Затворен е автопатот Скопје-Куманово во двата правци

Затворен е автопатот Скопје-Куманово во двата правци

(ВИДЕО) СТРАШНА ГЛЕТКА: Гори црквата во скопското село Мршевци

(ВИДЕО) СТРАШНА ГЛЕТКА: Гори црквата во скопското село Мршевци

МУ ПЛАТИЛА 6.700 ЕВРА, ПА ЗЕЛА И КРЕДИТ ОД 3.000 ЕВРА: Маж измамил скопјанка на социјалните мрежи ветувајќи и брак

МУ ПЛАТИЛА 6.700 ЕВРА, ПА ЗЕЛА И КРЕДИТ ОД 3.000 ЕВРА: Маж измамил скопјанка на социјалните мрежи ветувајќи и брак

ОЈО: Oтворена е истрага за двајца соизвршители за убиството во Батинци, едниот е уапсен

ОЈО: Oтворена е истрага за двајца соизвршители за убиството во Батинци, едниот е уапсен

ВРАБОТЕН ВО ЈАВНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ВО ЧАШКА „ПОЗАЈМУВАЛ“ НАФТА ОД СЛУЖБЕНИТЕ КАМИОНИ: по апсењето, во домот му нашле и оружје

ВРАБОТЕН ВО ЈАВНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ВО ЧАШКА „ПОЗАЈМУВАЛ“ НАФТА ОД СЛУЖБЕНИТЕ КАМИОНИ: по апсењето, во домот му нашле и оружје

Опозицијата со остра реакција: Началници ќе се поставуваат без полициско искуство

Опозицијата со остра реакција: Началници ќе се поставуваат без полициско искуство

„Не гледам потреба за организирање лидерска средба со Филипче“: Мицкоски за повиците повторно да се види со лидерот на СДСМ

„Не гледам потреба за организирање лидерска средба со Филипче“: Мицкоски за повиците повторно да се види со лидерот на СДСМ

Човек што треба да ги контролира директорите на М-НАВ бил член и на комисијата за вработување

Човек што треба да ги контролира директорите на М-НАВ бил член и на комисијата за вработување

Костадинов му се заблагодари на Мицкоски за парите за проектите: „Од срце му благодарам на мојот тим за посветената работа, но и на Владата и Премиерот“

Костадинов му се заблагодари на Мицкоски за парите за проектите: „Од срце му благодарам на мојот тим за посветената работа, но и на Владата и Премиерот“