25 Ноември, 2024
0.0340

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Вонредната состојба завршува, а договор за избори засега нема

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 12 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

ПЕНДАРОВСКИ НЕМА ДА ЈА ПРОДОЛЖИ ВОНРЕДНАТА СОСТОЈБА

Шефот на државата Стево Пендаровски, денеска обраќајќи се до јавноста истакна дека во овој момент нема потреба да ја продолжуви вонредната состојба, иако, како што рече според Уставот има право и без Владата да донесе одлука за вонредна состојба во услови кога нема функционален Парламент.

-На 30 мај донесов одлука за продолжување на вонредната состојба, која истекува утре. Сите претходни вонредни состојби ги прогласував на барање на Владата, по заседавање на Советот за безбедност. Сите вонредни состојби ги прогласував на барање на владата со нејзино образложение зошто е потребно да бидат воведени. Една од потребите беше, во услови кога Собранието е распуштено, да се носат уредби со законска сила. Претседателот може и без барање на владата да прогласи вонредна состојба, но тоа не го направив. Во овој момент нема потреба да прогласам нова вонредна состојба, истакна претседателот Пендаровски.

Според него, одлуката за непродолжување на вонредната состојба е донесена согласно информациите информациите од Владата дека земјава располага со доволно медицинска и заштитна опрема, а освен тоа, како што истакна, веќе е донесен и третиот пакет економски мерки за што има доволно средства во Буџетот.

ДОГОВОР ЗА ИЗБОРИТЕ НЕМА

На денешната средба не беше постигнат договор за определување датум за парламентарните избори.

На покана на шефот на државата,  Стево Пендаровски, вечерва во „Вила Водно“ се одржа средба со лидерите на СДСМ, Зоран Заев и на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Од кабинетот на Пендаровски информираат дека на средбата станало збор за различни аспекти на изборниот процес, при што и двете страни понудиле аргументи во прилог на нивните позиции.

Двајцата лидери се договориле да ја продолжат комуникацијата меѓу себе.

Средбата траеше скоро три часа. 

НОВИ 164 ПОЗИТИВНИ НА КОРОНАВИРУСОТ

Во последните 24 часа се направени 1045 тестирања, а регистрирани се 164 нови случаи на ковид-19 во:

- Скопје 85
- Куманово 24
- Дебар 3
- Штип 5
- Прилеп 3
- Тетово 18
- Струга 5
- Охрид 9
- Гостивар 2
- Гевгелија 1
- Крива Паланка 1
- Кочани 1
- Македонски Брод 1
- Валандово 1
- Свети Николе 2
- Ресен 2
- Неготино 1

Починати се две лица од Скопје и Тетово.
Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Скопје (53г) хоспитализирана како сомнителна на ковид на 2 јуни и потврдена позитивна по приемот. Во болницата во Тетово почина пациентка (60г) хоспитализирана како сомнителна на ковид на 9 јуни.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 16 нови, а вкупно хоспитализирани 93 пациенти. На кислородна поддршка се 44 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 16 нови, а вкупно хоспитализирани 60 пациенти. На респираторна машина се 10, a со потешка клиничка слика се уште 11 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 25 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 23 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 31 пациент - позитивни и сомнителни на ковид-19.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 12 оздравени пациенти.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

ИГМ Еленица Струмица е едно од многуте претпријатија добитници на државна помош за исплата на минимални плати за време на кризата предизвикана од корона вирусот.

Како мерка за спас на туризмот, но и да им се помогне на граѓаните, државата нуди ваучери за летување во Македонија.

Прогласувањето на вонредната состојба во државава беше навистина потребно, бидејќи таа овозможи побрзо и пооперативно дејствување на Владата и воведување на построги мерки за заштита на јавното здравје. Но по правило, секоагаш интенцијата е вонредната состојба да трае што пократко, само онолку колку што е неопходно за отстранување на заканата што ја предизвикала.

Не би смеело да се стекне чуството дека вонредната состојба ќе трае неограничено, вели во интервју за Фактор професорот Горан Коевски, декан на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. 

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

„ФИЛИПЧЕ ИЗВРШИ ЛОБОТОМИЈА ВО ЖИВО, СО НЕГО И СДСМ МАКЕДОНИЈА БИ СТАНАЛА КЛИНИКА НАМЕСТО ДРЖАВА“: Латас распали за Конгресот на СДСМ

„ФИЛИПЧЕ ИЗВРШИ ЛОБОТОМИЈА ВО ЖИВО, СО НЕГО И СДСМ МАКЕДОНИЈА БИ СТАНАЛА КЛИНИКА НАМЕСТО ДРЖАВА“: Латас распали за Конгресот на СДСМ

ДАЛИ ОД 29 НОЕМВРИ ДОАЃА НОВ СТУДЕН И СНЕЖЕН БРАН? Еве што покажуваа глобалниот прогностички модел

ДАЛИ ОД 29 НОЕМВРИ ДОАЃА НОВ СТУДЕН И СНЕЖЕН БРАН? Еве што покажуваа глобалниот прогностички модел

„ОД ВРЕМЕТО НА ЦРВЕНКОВСКИ НЕМАВМЕ СЛУШНАТО ТАКОВ ГОВОР НА ЛИДЕРОТ“: Спасов со пофални зборови за Филипче

„ОД ВРЕМЕТО НА ЦРВЕНКОВСКИ НЕМАВМЕ СЛУШНАТО ТАКОВ ГОВОР НА ЛИДЕРОТ“: Спасов со пофални зборови за Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: СДСМ избра нов Централен одбор, Филипче вети дека ќе ја врати партијата на победничките патеки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: СДСМ избра нов Централен одбор, Филипче вети дека ќе ја врати партијата на победничките патеки

СОСТОЈБА ВЕЧЕРВА: Сараево е 4-ти најзагаден град во светот, а Скопје е 12-ти

СОСТОЈБА ВЕЧЕРВА: Сараево е 4-ти најзагаден град во светот, а Скопје е 12-ти

ВИНСКИ САЕМ: Вучиќ се пофали дека убави жени има во Врање, Мицкоски вели има и во Македонија

ВИНСКИ САЕМ: Вучиќ се пофали дека убави жени има во Врање, Мицкоски вели има и во Македонија

ФИЛИПЧЕ: Избравме луѓе коишто се почитувани во општинските организации

ФИЛИПЧЕ: Избравме луѓе коишто се почитувани во општинските организации

ЗАВРШИ КОНГРЕСОТ НА СДСМ: Oва се новите членови на Централниот одбор

ЗАВРШИ КОНГРЕСОТ НА СДСМ: Oва се новите членови на Централниот одбор

СДСМ ИМА НОВ ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛ: На оваа партиска функција доаѓа Фани Каранфилова Пановска

СДСМ ИМА НОВ ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛ: На оваа партиска функција доаѓа Фани Каранфилова Пановска