ФАКТОР НА ДЕНОТ: За 2025 година политичарите ветија подобар живот за граѓаните
Објавено во: Македонија 31 Декември, 2024
ПОЛИТИЧАРИТЕ ВЕТИЈА ПОДОБАР ЖИВОТ ВО 2025 ГОДИНА
Премиерот Христијан Мицкоски на фејсбук ја објави новогодишната честитка.
„Почитувани граѓани на Македонија, драги мои сограѓани, драги пријатели, измина уште една година зад нас.
2024 година беше година на предизвици, но и на нови почетоци. Народот ја одбра иднината и ни даде мандат за промени. Наследивме држава во тешка состојба, но со труд и јасен план постигнавме раст од 3%, зголемување на пензии и плати, нови инвестиции и проекти за подобрување на животот. Отворивме фронт против криминалот и корупцијата и ја поставивме основата за стабилен развој.
2025 година ќе биде година на раст, ред и интеграција. Ќе вложиме во економијата, инфраструктурата и образованието, со фокус на подобар живот за сите. Ќе ја градиме Македонија која ја заслужувате – силна, стабилна и ваша.СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ПОМИЛУВА 7 ЛИЦА
За новогодишните празници претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова помилува 7 лица.
Таа по повод новогодишните празници донесе одлука за помилување на 7 осудени лица, од кои 1 потполно, а 6 лица делумно се ослободуваат од понатамошно извршување на казната затвор.
Шестемина осудени лица се помилувани во траење од 3 месеци, а едно лице 3 месеци и 4 дена, што кај него доведе до потполно ослободување од извршување на казната затвор, соопшти кабинетот на претседателката.ВО ДЕЛОВИ ОД СВЕТОТ НОВАТА ГОДИНА ВЕЌЕ ПРИСТИГНА
Австралијците ја дочекаа новата година.
Новата 2025 година е дочекана и во Сиднеј, со прекрасен огномет кој секоја година во живо го следат многу луѓе. Повеќе од милион луѓе го следеа спектаклот.
На приемот настапи британскиот пејач Роби Вилијамс, а музика ќе се користи и во Австралија за да им се оддаде почит на домородните племиња од таа земја.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Во многу земји има интересни обичаи поврзани со славењето на Новата година. Фактор разговараше со луѓе од Сенегал, Никарагва, Грузија, Азербејџан, со цел да дознаеме во каква атмосфера ги чекаат празниците, дали имаат организирани дочеци или се дома.Новогодишната ноќ е време на радост, славење и опуштање, но за некои оваа прослава завршува со непријатни здравствени проблеми. Прекумерното консумирање на алкохол и храна е честа појава, која не само што може да го расипе дочекот, туку и да доведе до сериозни последици по здравјето.
2024 година ќе остане запаметена како една од најдинамичните и најтурбулентни години во поновата историја. Од политички потреси кои ги преобликуваа моќните држави, преку воени конфликти што го потресоа Блискиот Исток, до економски кризи кои го предизвикаа опстојувањето на европскиот економски модел – оваа година донесе серија настани што ќе остават долготрајни последици.