ФАКТОР НА ДЕНОТ: Заев контра Агелер, вели Анѓушев и неговиот тим биле едни од најспособните
Објавено во: Македонија 13 Декември, 2023
СЕ ЈАВИ ЗАЕВ ОТКАКО АНЃУШЕВ Е НА ЦРНАТА ЛИСТА НА САД
Поранешниот премиер Зоран Заев се огласи преку медиумите со коментар дека и стои на располагање за соработка на амбасадата на САД во Скопје, откако на поранешниот вицепремиер за економски прашања Кочо Анѓушев беше ставен на „црната листа“.
„Без да ја коментирам и да навлегувам во детали за оправданоста на одлуката на Стејт Департментот за забрана за влез во САД на поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев, само ќе напоменам, како и порано кога сум бил премиер, така и сега, стојам на располагање за сите потребни одговори и разјаснувања на определени теми од интерес на нашите стратешки пријатели и партнери во врска со било која општествено-економска и политичка тема во земјава, вклучително и основот за сомневањата кон Анѓушев“, стои во дел од соопштението упатено од Заев.Заев вели дека како премиер му било чест што имал таков соработник кому економијата и државата му биле секогаш на прво место.
КОВАЧЕВСКИ УПАТИ ПОРАКИ ОД БРИСЕЛ
Премиерот Димитар Ковачевски во рамки на работната посета на Брисел учествува на Самитот на Европска Унија-Западен Балкан. Пред почетокот на работните сесии од Самитот, во изјава за медиумите, премиерот Ковачевски посочи дека овој Самит е исклучително значаен бидејќи на едно место ќе бидат Европскиот Совет и земјите од Западен Балкан, а на кој ќе се разговара за соработката со ЕУ, за заедничката надворешна политика, како и за проширувањето на ЕУ.
„Ние сме земја која е со комплетно усогласена надворешна политика. Секако една од темите ќе биде новиот план за забрзан раст за Западен Балкан, на кој во детали ќе разговараме за подготовките кои се направени. Северна Македонија заврши успешен скрининг процес кој е признаен од ЕУ, но и сите знаете дека има уште една обврска која треба да ја завршиме и таа сега зависи од нас. Да имаа придонес сите политички актери во нашата држава позиција како што има владејачката коалиција, денес ќе беше и подруга ситуација. Ние ќе зборувавме за отворање на поглавјата и кластерите меѓутоа секако дека таа дискусија ќе продолжи. Процесот ќе продолжи и неминовно ќе заврши со влез на Северна Македонија во Европската Унија“, изјави премиерот Ковачевски.
АПСЕЊА ВО СКОПЈЕ
Претседател на Одборот на директори на АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор е меѓу 11-те осомничени за кои се поднесе кривична пријава сомнение за извршени кривични дела „злосторничко здружување”, „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“.
Министерството за правда ја отпочна постапката за екстрадиција на Љупчо Палевски првоосмничениот за двојното убиство на 14 годишната Вања Ѓорчевска и 74 годишниот Панче Жежовски. Министерот го потпиша барањето и документите се доставени до Интерпол и надлежните органи во Турција, информираше денеска заменик-министерката за правда Викторија Аврамовска Мадиќ, која присуствуваше на пленарната конференција на тема „Национална конвенција на Европската Унија: Темелни општествени вредности за европската иднина“. Посочи дека соработката со министерството за правда на Република Турција е одлична.
-Во релативно насјкоро време очекуваме да добиеме повратен одговор кога би било во најбзро време екстрадицијата. Затоа што напоменав дека Министерството за правда ќе направи напори, тоа да не биде на крајниот рок од 40 дена, туку што може во најскоро време, рече Аврамовска Мадиќ.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.