05 Декември, 2025
0.1140

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Заев не верува дека Црвенковски ќе формира партија, тoj не коментира

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 05 Мај, 2021 20:14

Добивај вести на Viber

ЗАЕВ НЕ ВЕРУВА ДЕКА ЦРВЕНКОВСКИ ЌЕ ФОРМИРА ПАРТИЈА

Поранешниот претседател Бранко Црвенковски останува на ставот да не дава изјави во јавноста по било кои прашања.

Оваа изјава денеска ја дадоа за Фактор од Кабинетот на екс шефот на државата, и поранешен долгогодишен лидер на СДСМ, откако во јавноста се засилија шпекулациите дека тој би можел да формира нова партија пред локалните избори, кои во земјава ќе се одржат во втората половина на октомври. 

Премиерот и актуелен лидер на СДСМ Зоран Заев денеска изјави дека не верува дека Црвенковски би можел да формира нов политички субјект, но дека за ова, дефинитивно треба да се праша Црвенковски. 

„Гледам овие денови темата е присутна во јавноста а никој не прашува дали е точно. Бранко Црвенсковски не може да биде ништо друго освен СДСМ. Тоа не е точно, но дефинитивно него треба да го прашате. Тој е еден од основачите и бил премиер и претседател на државата и е наш општественик. Шпекулациите се присутни поради новата листа во Охрид од наши докажани социјалдемократи. СДСМ покажа сериозно единство и за време на опозиција и за време на власта. Убавината кај нас е што сме многу различни низ своите сфаќања. Знае и раководството да се повлече пред членството, знае и членството да се повлече пред раководството“, рече Заев.

Како што е познато, овие шпекулации се проширија откако во Охрид истакнати членови на СДСМ најавија дека ќе излезат со независни листи на локалните избпори. 

Истовремено, пак, министерката за одбрана и долгогодишен втор човек во сега владејачката партија, најави дека нема да се кандидира за нареден мандат за потпретседател на СДСМ. 

Фактор оваа тема за можен политички камбек на Црвенковски ја отвори кон крајот на јануари годинава. Нашите извори уште тогаш говореа дека Црвенковски би се вратил на политичката сцена веќе на локалните избори, на кои би настапил со независни листи, кои би им биле вистинска конкуренција на листите за градоначалници и советници на неговите некогашни сопартијци од СДСМ.

Тогаш, во изјава за Фактор, Црвенковски децидно демантираше дека е вклучен во какви било политички активности, и како што вели, останува на ставот да не коментира актуелни политички случувања во земјава.

ОДМРЗНАТИ ОДНОСИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ СО ПЕНДАРОВСКИ

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ги одмрзнува односите со шефот на државата Стево Пендаровски.

Во петок ќе се одржи средба меѓу претседателот Пендаровски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Ова на денешниот брифинг со новинарите го потврди лидерот на опозициската партија, Мицкоски, кој објасни дека токму пред брифингот имал телефонски разговор со претседателот Пендаровски, на кој се договориле да ја одржат средбата.

Ова следува по изјавата на Пендаровски за настаните од 27 април 2017 година. 

ПРЕСУДИ ЗА „ДВОЈНИК“

Службениците Денис Баруфи, Ален Личина, Ѓорѓе Велков, Фарук Биља и Раиф Мифтари, денеска пред судот рекоа дека се чувствува виновни за делото и доброволно ја признаваат вината како обвинети во акцијата „Двојник“ за изработка на пасоши со лажен идентитет за лица од регионалното подземје.

Фарук Буки, Весна Колевска, Оливера Софрониевска, Бранислава Владичевска и Шемседин Јашари, рекоа дека не се чувствуваат виновни за делото кое им се става на товар, по што постапката за нив беше раздвоена и продолжува на 7 мај годинава.

Во овој случај има 11 обвинети државни службеници, односно референти, кои во полицијата за пари изработувале лажни пасоши за странски државјани. 

ПОВТОРНО ОБВИНУВАЊА ЗА НАБАВКАТА  НА ВАКЦИНИТЕ

Исплатите кои Министерство за здравство ги врши се транспарентни и објавени на страницата на отворени финансии. Tоа што Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ денеска, го споделил пред медиумите, претставувајќи го како афера, или документ до кој дошол, е достапен податок на секој граѓанин кој би ја отворил страницата на open.finance.gov.mk, одговорија од Министерството за здравство на наводите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за исплатите за Синофарм вакцините. 

Тој тврди дека кон фирма посредник Сабри интернационал, Министерството за здравство во февруари годинава исплатило 7,8 милиони евра за 60 отсто од вкупна набавка на 200.000 дози кинески вакцини, сума за која после се тврдеше дека е вратена во буџетот. Мицкоски вели дека по оваа свифт уплата испаѓа дека една доза требало да чини 65 долари. 

НОВИ 323 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во последните 24 часа се направени 2.928 тестирања, а регистрирани се 323 нови случаи на КОВИД-19 во:

Скопје – 96, Куманово – 35, Прилеп – 20, Струмица – 17, Битола – 16, Кочани – 13, Велес – 12, Тетово и Гостивар – по 11, Охрид и Кичево – по 10, Кавадарци и Неготино – по 8, Штип и Радовиш – по 7, Ресен – 6, Свети Николе и Виница – по 5, Делчево – 4, Струга, Берово и Крушево – по 3, Крива Паланка, Пробиштип, Демир Хисар и Кратово – по 2, Гевгелија, Валандово, Богданци, Пехчево и Македонска Каменица - по 1.

Регистрирани се 714 оздравени пациенти.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Српските туристички агенции засега се со поделени мислења за тоа дали оваа сезона ќе има интерес за летување во Македонија, но ги поздравуваат попустите кои се обезбедени овде за нивните граѓани.

Движењето на граѓаните од денеска до 15. мај е дозволено до 23 часот, односно полицискиот час ќе почнува од 23 и ќе трае до 05 часот изутрина. Ваква одлука донесе вчера Владата по препорака на Комисијата за заразни болести врз основа на анализите за епидемиолошката состојба. Истовремено се зголемува и работното време на локалите и угостителските објекти, но само на летните тераси и тоа е до 22.30.

Две домашни физички лица, кои заедно поседувааат над 10 отсто од акциите на „Гранит“, побараа компанијата да исплати 30 денари бруто дивиденда по акција наместо неполни 17 денари бруто принос колку што предложи Управниот одбор. Ќе видиме кој кого ќе надгласа на претстојното акционерско собрание...

Владата има намера да го олесни работењето на странците во земјава, но и да ја подобри мобилноиста на странските граѓани кои работат во македонските компании. Исто така, ќе биде овозможено странците кои тука ќе работат, да се пријавуваат по електронски пат.

Македонски граѓани секојдневно се враќаат од граничните премин Ново село и Делчево кон Бугарија. Бугарските гранични служби никако не дозволуваат Македонци да влезат на нивна територија и со обезбеден негативен ПЦР тест кој е нужен за влезот.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија