17 Декември, 2025
0.5376

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Захарова реагира за тенковите кои Македонија ги донираше на Украина, МНР и МО вратија

Објавено во: Македонија 03 Август, 2022 21:05

Добивај вести на Viber

ЗАХАРОВА РЕАГИРАШЕ ЗА ТЕНКОВИТЕ КОИ МАКЕДОНИЈА ГИ ДОНИРАШЕ ЗА УКРАИНА

Русија смета дека е голема грешка одлуката на властите на Северна Македонија да и донираат на Украина тенкови Т-72, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова. 

Иако станува збор за застарена опрема, со донацијата, наведува Захарова, се дава поддршка за „продолжување на криминалните активностите на режимот во Киев“. 

„И покрај тоа што, според северномакедонските власти, тоа е „безопасна“ донација на застарена опрема, останува фактот дека лојалното кон НАТО Скопје е вклучено во испораката на оружје за Украина, со што придонесува за продолжување на криминална активност на режимот во Киев против цивилното население во Донбас.

МНР И МО ОДГОВОРИЈА

Министерството за надворешни работи и Министерството за одбрана излегоа со заедничко соопштение по реакцијата на портпаролката на Кремљ, Марија Захарова, за испораката на тенкови Т-72 како воена помош за Украина. Од двете министерства велат дека тоа е помош со која ќе и се помогне на Украина да го сочува својот територијален интегритет. 

„Република Северна Македонија е суверена држава која одлуките ги носи самостојно водејќи се од принципите на почитување на меѓународното право, Повелбата на ООН, принципите и заложбите на ОБСЕ за заштита на европската безбедносна архитектура и глобалната стабилност.

Северна Македонија уште од самиот почеток ја осуди воената интервенција во Украина и застана во поддршка на територијалниот интегритет, суверенитет и независнот на Украина, а пред се во поддршка на мирот, човековите права и меѓунаордниот поредок заснован на правила. Имено, досега, Владата на Република Северна Македонија донесе неколку Одлуки за воено – техничка помош со кои и помагаме на Украина во одбрана на својот територијален интегритет кој е загрозен од воената интервенција.

МУАРЕМИ ЌЕ ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРОТИВ РУСКОВСКА

Првиот човек на Финансиската полиција, Арафат Муареми, најави кривична пријава против обвинителката Вилма Русковска за претресот во Управата кој се случи пред две седмици. Тој вели дека претресот бил тенденциозен, со цел да му се наруши угледот. 

ЛЕВИЦА ОБЈАВИ ВИДЕО ОД МЕЧКИН КАМЕН

Политичката партија Левица обвинува декам, како што ја нарекув аат, партиската полиција на СДСМ малтретирала граѓани на Мечкин Камен, на прославата на Илинден.

„Хибридниот режим вчера во целост демонстрираше како насилнички се брани од незадоволството на обичните граѓани - преку мобилизација на партиски бандити и криминалци да ја штитат врхушката на власта!

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, една од своите ретки фирми во кои тој е единствен сопственик - Макпоинт, од 1 август ја пресели од Скопје со ново седиште во Охрид. Макпоинт ДООЕЛ Скопје е преименувано во Макпоинт ДООЕЛ Охрид на улица АСНОМ во овој град.

Десетте најголеми фирми за трговија со струја лани приходувале солидни 770 милиони евра! Седум меѓу нив годината ја затвориле со добивка, а најуспешното има профит помал од еден милион евра. Но затоа најголемата загуба за лани е 16,5 милиони евра

Доне Таневски е многу успешен и искусен стопанственик и долгогодишен прв човек на најголемата македонска хотелиерска компанија „Македонијатурист“. 

Охридско струшката ревиера повоторно со максимална исполнетост деновиве. Вообичаено деновите околу втори август се бара легло повеќе на охридското крајбрежје, како во хотелите, така и кај приватнто сместување.

Анкета покажа дека Украинците не сакаат нивната земја да отстапи територии на Русија во земена за мир.

Можеби ќе ве интересира

МВР со пријава против транспортери од Тетово, сакале да превезуваат ученици со измама

МВР со пријава против транспортери од Тетово, сакале да превезуваат ученици со измама

„БОЛКАТА ВО ВРАТОТ СТАНУВА СЕКОЈДНЕВИЕ – СÈ ПОЧЕСТО КАЈ МЛАДИ ЛУЃЕ ОТКРИВАМЕ ЦЕРВИКАЛНА ДИСКУС ХЕРНИЈА“

„БОЛКАТА ВО ВРАТОТ СТАНУВА СЕКОЈДНЕВИЕ – СÈ ПОЧЕСТО КАЈ МЛАДИ ЛУЃЕ ОТКРИВАМЕ ЦЕРВИКАЛНА ДИСКУС ХЕРНИЈА“

Битолчанец со секира во казино барал да му ги вратат парите што ги изгубил на коцка

Битолчанец со секира во казино барал да му ги вратат парите што ги изгубил на коцка

„Дали е точно дека група обвинители на чело со Коцевски заташкуваат над 40 предмети за функционери од СДС и ДУИ?“: ВМРО-ДПМНЕ по оставката

„Дали е точно дека група обвинители на чело со Коцевски заташкуваат над 40 предмети за функционери од СДС и ДУИ?“: ВМРО-ДПМНЕ по оставката

ЖЕНАТА ДОНЕЛА ПИШТОЛ, МАЖОТ ПУКАЛ: Две лица осомничени за убиство во гостиварско

ЖЕНАТА ДОНЕЛА ПИШТОЛ, МАЖОТ ПУКАЛ: Две лица осомничени за убиство во гостиварско

Муцунски од Брисел: Сите ние од Западниот Балкан треба да бидеме заедно во ЕУ

Муцунски од Брисел: Сите ние од Западниот Балкан треба да бидеме заедно во ЕУ

Македонија со 2 автобуса на 1 000 жители над европскиот просек од 1,6

Македонија со 2 автобуса на 1 000 жители над европскиот просек од 1,6

Има ли некој што не јаде ајвар? Еве што открива статистиката за потрошувачката во домаќинствата...

Има ли некој што не јаде ајвар? Еве што открива статистиката за потрошувачката во домаќинствата...

„ОВИЕ УШТЕ НЕ СЕ ПОГЛЕДНАЛЕ ВО ОГЛЕДАЛО И НИШТО НЕ НАУЧИЛЕ ОД СВОЈОТ ПАД“: Ванковска за СДСМ и изјавите за мигрантите

„ОВИЕ УШТЕ НЕ СЕ ПОГЛЕДНАЛЕ ВО ОГЛЕДАЛО И НИШТО НЕ НАУЧИЛЕ ОД СВОЈОТ ПАД“: Ванковска за СДСМ и изјавите за мигрантите