ФАКТОР НА ДЕНОТ: Засега нема полициски час, денес има 15 жртви на коронавирусот
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 26 Октомври, 2020
НЕМА ПОЛИЦИСКИ ЧАС
Претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р. Жарко Караџовски на денешната заедничка прес-конференција со министерот за здравство, Венко Филипче, нагласи дека и покрај лошата епшидемиолошка состојба во земјава засега нема да биде имплементирана најтешката мерка, односно Сценарио-Ц, кое подразбира воведување полициски час.
-Здравствениот систем опстојува, кадарот работи со натчовечки напори, ги зголемуваме болничките капацитети и отвораме дополнителни лабортатории за правење ПЦР тестови, а за некој ден ќе почне употребата и на брзите тестови. Ако ме прашувате дали имаме некоја граница кога треба да воведеме полициски час, јас еве велам, само ако колабира здравствениот систем, истакна Караџовски.НОВИ 15 ЖРТВИ НА КОРОНАВИРУСОТ
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 737 тестирања, а регистрирани се 247 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-116, Куманово-4, Штип-12, Прилеп-23, Тетово-10, Струга-12, Велес-7, Битола-8, Охрид-14, Кавадарци-2, Гостивар-10, Струмица-6, Крива Паланка-3, Радовиш-2, Кочани-3, Пробиштип-5, Демир Хисар-1, Македонски Брод-1, Кичево-6 и Ресен-2
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 321 оздравени пациенти од: Скопје-189, Куманово-12, Дебар-1, Штип-9, Прилеп-15, Тетово-8, Струга-5, Велес-1, Битола-3, Охрид-7, Кавадарци-5, Гостивар-3, Гевгелија-7, Струмица-16, Крива Паланка-6, Кочани-11, Пробиштип-2, Берово-3, Валандово-5, Свети Николе-4, Кичево-6, Ресен-2, Неготино-1.
Починати се 15 лица, двајца пациенти од Скопје (73 и 78г), еден од Куманово (68г), тројца пациенти од Тетово (60, 70 и 77г), двајца од Струга (73 и 75г), еден од Велес (58г), еден од Охрид (69г), еден од Кавадарци (71г), еден од Гостивар (71г), еден пациент од Гевгелија (76г) и двајца пациенти од Кочани (49 и 68г).
Сите пациенти се починати во болнички услови.КУЌНИТЕ СЛАВИ БЕЗ ГОСТИ
Комисијата за односи со верските заедници, инаку тело формирано од Владата, во пресрет на периодот во кој голем број семејства ширум државата ги чествуваат домашните православни празници, ги повика семејствата да не повикуваат гости за куќните слави.
Од таму упатуваат aпел до нив празнувањата да бидат исклучиво во кругот на членовите на семејството, а исто така им порачуваат и на оние кои ќе бидат поканети да не се одзиваат на поканата.
„Ескалирањето на состојбата со коронавирусот е пропратена со изразена локална трансмисија на вирусот, па секое непочитување на мерките за заштита од здравствените власти и секое собирање на луѓе може да биде погубно.ПОЛИЦИЈАТА ЌЕ ГИ ПРОВЕРУВА ДОМОВИТЕ
„Во ниту еден момент нема да го нарушиме неприкосновеното право на домот, но ќе мора да има контроли. По допрен глас, или по пријава, полицијата ќе може да интервенира кај сопственикот и да провери дали има повреди на мерките против Ковид-19 или не, рече Оливер Спасовски за „Слободна ТВ“.
Ова министерот за внатрешни работи го рече во контекст на најавеното донесување на пакетот на рестриктивни мерки како законски измени во Собранието, дополнувајќи дека полицијата се координира со кризниот штаб.
Зборувајќи за честите полициски контроли низ градските улици, Спасовски истакна дека Министерството за внатрешни работи продолжува со активности во областа на сообраќајните прекршоци.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Не очекува брзо решение за спорните прашања околу Македoнија и Бугарија, но не смета и дека ќе има нов договор меѓу земјите. Уредникот на надворешниот деск на влијателниот медиум во Бугарија Дневник.бг, Ангел Петров за Фактор вели дека во Бугарија температурата се загрева.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.