22 Ноември, 2024
0.0361

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Застаре „Таргет - Тврдина“, Мијалков нема да одговара за прислушувањето

Објавено во: Македонија 17 Октомври, 2023

Добивај вести на Viber

МИЈАЛКОВ НЕМА ДА ОДГОВАРА ЗА ПРИСЛУШУВАЊЕТО

Судот донесе решение за запирање на кривичната постапка за случајот за "Таргет-Тврдина" за обвинетите Горан Груевски, Сашо Мијалков, Надица Николиќ, Владимир Варелов, Маријан Шумуликоски и Васил Исаковски за делата злосторничко здружување и злоупотреба на службена положба и овластување поради настапено застарување. 

Со ова застаруваат кривичните дела за нелегалното прислушување за предметот, а во судница остануваат обвинетите што се опфатени со делот за ништење на опремата. 

Трошоците за водењето на кривичната постапка паѓаат на товар на Буџетот на државата. 

ВЕЛО МАРКОВСКИ ЌЕ СЕ КАНДИДИРА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ДРЖАВАТА

Пред точно две недели професорот Вело Марковски, еден од најпознатите македонски инфектолози беше активен на неговата Фејсбук страница со негови ставови околу амнестијата. Под еден од постовите имаше и ваков коментар:

-Идниот Претседател на нашата Држава Република Македонија.

Денеска, до медиумите од него стигна покана за прес конференција која треба да се одржи в четврток на 19. октомври во локалот „Прима Данца“. На овој официјален настан, д-р Вело Марковски ќе ги објави сите детали за неговото влегување во претседателската трка.

ФИЛИПЧЕ СЕ ПОЈАВИ НА АНКЕТНАТА КОМИСИЈА ЗА ОНКОЛОГИЈА

Екс министерот за здравство, Венко Филипче откако денеска беше на анкетната комисија поради скандалот со лекови на Клиниката за онкологија, пишува на Фејсбук дека во неговиот мандат ниту еден пациент не останал без лек. 

Вели дека водел сметка да има лекови за сите и да бидат со сертификат за европски квалитет. 

ПОВИСОКИ ДАНОЦИ ЗА ЛУКСУЗНИТЕ ВОЗИЛА

Од Министерството за финансии велат дека новата методологија за пресметка на данокот на моторни возила ќе има влијание кај луксузните возила со поголема моќност поради повисокото ниво на загадување.

Владата на седница денеска усвои измени на Уредбата за начинот на пресметка на данокот на моторни возила и на износите потребни за пресметка на данокот на моторни возила поради потребата од примена на нова методологија за пресметување на износот на издувните гасови од моторните возила, што е во насока на заштита на животната средина, исполнување на обврските од потпишаниот Климатски договор од Париз за намалување на нето-емисијата на стакленички гасови, како и усогласување со најновите ЕУ стандардите.

СТОТИЦИ ЖРТВИ ПРИ НАПАД НА БОЛНИЦА ВО ГАЗА

При израелски напад на болница во Газа, загинаа стотици луѓе. Се верува дека стотици луѓе се под урнатините.

Околу 500 загинати во воздушен напад на болница, велат палестинските власти. Хамас тврди дека има 600 жртви. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Во 2022 година, имало 3,0 милиони луѓе вработени со ИКТ образование во ЕУ, што е 6,7 отсто повеќе отколку во 2021 година кога имало 2,8 милиони. 

Поради напливот на студенти од Турција кои се образуваат во Штип има зголемување на цените на кириите.

Месечниот берзански билтен секогаш носи интересни информации за домашниот деловен свет, а особено за оние компании кои се котирани на пазарот на капитал.

Секретаријатот на Енергетската заедница, најрелевантното тело на ЕУ за енергетски прашања, во својот извештај ја прогласи Македонија за најголем поскапувач на електрична енергија минатата година од сите земји кои претендираат да станат членки на Европската унија. 

Анкетната комисија што ја формираше Собранието со цел да се утврди евентуална политичка одговорност за случајот на Клиниката за онкологија и радиотерапија за денеска има закажано нова седница.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ГРАД СКОПЈЕ: Ерџан Демир требал да ги информира своите сограѓани дека токму неговата партија одбива да гласа за набавка на нови автобуси

ГРАД СКОПЈЕ: Ерџан Демир требал да ги информира своите сограѓани дека токму неговата партија одбива да гласа за набавка на нови автобуси

„ДАНЕЛА ОДИ СИ“: Порака од граѓаните кои протестираа поради проблемите со јавниот превоз

„ДАНЕЛА ОДИ СИ“: Порака од граѓаните кои протестираа поради проблемите со јавниот превоз

Таравари: Албанскиот јазик не е официјален во земјава

Таравари: Албанскиот јазик не е официјален во земјава

ДЕТЕ ВО ВЕЛЕС ЗАВРШИ СО СКРШЕНИЦА НА ЧЕРЕПОТ ОТКАКО ГО НАПАДНАЛ СОУЧЕНИК: Ќе има ли одговорност за настанот?

ДЕТЕ ВО ВЕЛЕС ЗАВРШИ СО СКРШЕНИЦА НА ЧЕРЕПОТ ОТКАКО ГО НАПАДНАЛ СОУЧЕНИК: Ќе има ли одговорност за настанот?

„БЕШЕ СПОМЕНАТА СЕСТРА, А ЗА СЕСТРА СЕ УМИРА“ - пратеник од Левица објаснува каков е нивниот левичарски идентитет

„БЕШЕ СПОМЕНАТА СЕСТРА, А ЗА СЕСТРА СЕ УМИРА“ - пратеник од Левица објаснува каков е нивниот левичарски идентитет

„РАДМИЛА ЈА НАПРАВИ МАКЕДОНИЈА ПОВТОРНО ГОРДА, НЕ ГОРДАНА“: Спасов за именувањето на Шекеринска за заменик секретарка на НАТО

„РАДМИЛА ЈА НАПРАВИ МАКЕДОНИЈА ПОВТОРНО ГОРДА, НЕ ГОРДАНА“: Спасов за именувањето на Шекеринска за заменик секретарка на НАТО

УКРАСУВАЊЕТО НА ЦЕНТАР ПОЧНА, СЕ ДОГОВАРААТ И МУЗИЧАРИТЕ КОИ ЌЕ ГИ ЗАБАВУВААТ ГРАЃАНИТЕ - градоначалникот Герасимовски вели дека стартува новогодишната магија

УКРАСУВАЊЕТО НА ЦЕНТАР ПОЧНА, СЕ ДОГОВАРААТ И МУЗИЧАРИТЕ КОИ ЌЕ ГИ ЗАБАВУВААТ ГРАЃАНИТЕ - градоначалникот Герасимовски вели дека стартува новогодишната магија

ОД 30 НОЕМВРИ – МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЌЕ ПАТУВААТ ВО КИНА БЕЗ ВИЗИ! Има и уште една многу значајна промена

ОД 30 НОЕМВРИ – МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЌЕ ПАТУВААТ ВО КИНА БЕЗ ВИЗИ! Има и уште една многу значајна промена

ЕВЕ ЈАС ЌЕ Ѝ СЕ ИЗВИНАМ НА КОЛЕШКАТА: Мојсоска со реакција за барањето на Пешевска

ЕВЕ ЈАС ЌЕ Ѝ СЕ ИЗВИНАМ НА КОЛЕШКАТА: Мојсоска со реакција за барањето на Пешевска