28 Октомври, 2024
0.0269

ФАКТОР НА ДЕНОТ: ЗЕЛС ќе посредува за надминување на конфликтот со градоначалниците

Објавено во: Македонија 25 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

ЗЕЛС ЌЕ ПОСРЕДУВА ЗА НАДМИНУВАЊЕ НА КОНФЛИКТОТ СО ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ

Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски денеска повтори дека ќе го напушти ЗЕЛС доколку претседателот на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски немо ја следи целата ситуација и не преземе чекори за вразумување на министрите бидејќи се врши, како што рече, континуиран притисок врз Општината. Со Ѓорѓиевски, како што рече, ќе разговара од понеделник. 

Во изјава за медиумите дадена пред седиштето на Општина Карпош, Јакимовски рече дека неговата намера за напуштање на ЗЕЛС не била сфатена сериозно. 

- ЗЕЛС е обичен партиски комитет на ВМРО-ДПМНЕ и нема никаква врска со идеите и развојот на локалната самоуправа. Ова покажува дека Орце Ѓорѓиевски е обична фигура на чело на ЗЕЛС,а дека целата политика ја креира неговата партија и составот на Извршниот и Надзорниот одбор на ЗЕЛС и креирана од Христијан Мицкоски. Тоа се причини повеќе да укажеме дека или ќе го корегираат нивниот однос или ќе го напуштиме ЗЕЛС - рече Јакимовски.

ДОНИРАНИТЕ АВТОБУСИ ЌЕ БИДАТ ЗА ПОВЕЌЕ ГРАДОВИ

Од Град Скопје реагираат дека автобусите „Соларис“ што сака да ги донира Белград се наменети за цела Македонија, а од таму за градоначалникот на Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС,Орце Ѓорѓиевски, велат дека дели недоветни изјави.

„По изјавите на лицето Орце Ѓорѓиевски каде вчера коментира за некакви автобуси од Белград, не ни е јасно дали некој го мести да делува недоветно или самиот си верува во лагите кои ги кажува и со кои редовно се бламира пред јавноста, велат од Град Скопје во соопштение до јавноста.

ШИЛЕГОВ ЈА КРИТИКУВА СДСМ

Петре Шилегов, на неговиот фејсбук профил даде објаснување за неодамнешните статуси со кои алудира на некои од членовите на СДСМ.

„1.000 зошто, едно затоа:

За да нема нејаснотии, бидејќи имам многу јавувања, многу пораки, многу коментари: ако нешто не е во ред и гледаш дека е така, а молчиш, со молкот стануваш соучесник …

ФИЛКОВ ВЕЛИ ДЕКА Е ВРЕМЕ ЗА ОСВЕЖУВАЊЕ ВО КОМИСИЈАТА ЗА ПОМИЛУВАЊЕ

Според министерот за правда, Игор Филков, време е за освежување во Комисијата за помилување. 

Вели дека последното намалување на казните за осудени лица станало предмет на политички игри и препукувања, иако, помилувањата, како што додаде, се важна работа за државата. Рече дека веќе осудените треба да се упатат на ресоцијализација. Филков потсетува дека само претседателот на државата има право да побара поништување на помилувањата.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Грејната сеозна само што почна, а бројот на граѓани кои се јавија во нашата редакција и се пожалија оти радијаторите се „млаки“ е голем. Револтирани и разочарани, велат, од година во година затоплувањето во Скопје е се полошо, но додаваат дека најмногу се разочарани поради непраземањето мерки од страна на надлежните.

Добивка е, ама е многу помала од минатогодишната. 

Додека се најавува како една од новите инвестиции од новата Влада, и додека траат препукувањата со опозицијата дали станува збор за нова  или за постојна инвестиција која само ќе ги прошири своите капацитети во земјава, американската компанија „Вабтек“ повторно извести за загуби во своето работење, за периодот од првите девет месеци од годинава.

Интересно и интригантно е тоа што „Брегалница“ лани испадна од Првата македонска лига и тоа со буџет што беше 200.000 евра поголем од претходната година кога успеаја да го задржат прволигашниот статус

Во повеќето пекарници посебно во помалите градови велат дека постои пракса дел од граѓаните да купуваат стар леб. Така е со години. Објаснуваат дека дел од населението овој леб го набавува за домашните миленици, но има и такви кои поради сиромаштија се принудени да штедат и купуваат вчерашен леб.

Можеби ќе ве интересира

„УАПСИ ГО АХМЕТИ“: Адвокатот Митровски вели писмото до Рама е добро утро заканување кое никој не го санкционира

„УАПСИ ГО АХМЕТИ“: Адвокатот Митровски вели писмото до Рама е добро утро заканување кое никој не го санкционира

Реакција од Град Скопје: Во овој момент во трета фаза е изградбата на парк во Карпош

Реакција од Град Скопје: Во овој момент во трета фаза е изградбата на парк во Карпош

ТУРИСТИЧКИОТ КОМПЛЕКС „МАНАСТИР“ ВО ПЛАМЕН - голем пожар во Берово (ВИДЕО)

ТУРИСТИЧКИОТ КОМПЛЕКС „МАНАСТИР“ ВО ПЛАМЕН - голем пожар во Берово (ВИДЕО)

„НЕ ДРЖИ КОНСТАТАЦИЈАТА НА АХМЕТИ“: Меџити вели општините добиваат повеќе пари сега - „подобро ни е кога ДУИ е во опозиција“

„НЕ ДРЖИ КОНСТАТАЦИЈАТА НА АХМЕТИ“: Меџити вели општините добиваат повеќе пари сега - „подобро ни е кога ДУИ е во опозиција“

НАПАДНАТ ЖИТЕЛ НА ПРОБИШТИП, НАПАЃАЧИТЕ ИМАЛЕ ПИШТОЛ, АМА ПЛАСТИЧЕН - полицијата ги уапси

НАПАДНАТ ЖИТЕЛ НА ПРОБИШТИП, НАПАЃАЧИТЕ ИМАЛЕ ПИШТОЛ, АМА ПЛАСТИЧЕН - полицијата ги уапси

„БАРАМЕ ДКСК ДА НЕ БИДЕ СЛЕПА ПРИ ОЧЕВИДНИ СКАНДАЛИ“: Левица со остра реакција по вработувањето на сестрата на Љутков

„БАРАМЕ ДКСК ДА НЕ БИДЕ СЛЕПА ПРИ ОЧЕВИДНИ СКАНДАЛИ“: Левица со остра реакција по вработувањето на сестрата на Љутков

„ЗАКАНА ЗА МИРОТ, СТАБИЛНОСТА, МЕЃУЕТНИЧКАТА ХАРМОНИЈА И ДЕМОКРАТИЈАТА ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“: Амети со писма лидерите во соседството и светот

„ЗАКАНА ЗА МИРОТ, СТАБИЛНОСТА, МЕЃУЕТНИЧКАТА ХАРМОНИЈА И ДЕМОКРАТИЈАТА ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“: Амети со писма лидерите во соседството и светот

„ИЗЕТ МЕЏИТИ ГИ ЗЛОУПОТРЕБУВА ВЛАДИНИТЕ КАНЦЕЛАРИИ ЗА ПАРТИСКИ СОСТАНОЦИ“: Алијанса на Албанците бара реакција од ДКСК

„ИЗЕТ МЕЏИТИ ГИ ЗЛОУПОТРЕБУВА ВЛАДИНИТЕ КАНЦЕЛАРИИ ЗА ПАРТИСКИ СОСТАНОЦИ“: Алијанса на Албанците бара реакција од ДКСК

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ СО ПРЕКРАСНА ВЕСТ - по трет пат татко

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ СО ПРЕКРАСНА ВЕСТ - по трет пат татко