28 Октомври, 2024
0.0275

Реакција од Град Скопје: Во овој момент во трета фаза е изградбата на парк во Карпош

Објавено во: Македонија 27 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

По објавата на текстот насловен „Ботаничката градина во Карпош стана изборна измама?“ на нашиот портал во текот на вчерашниот ден, со реакција се јавија од град Скопје. 

Нивниот претставник реагира на објавата, со детални објаснувања. Нивната реакција ви ја пренесуваме целосно:

Во својство на полномошник на Град Скопје, Ви се обраќаме поради следното: На 26.10.2024 година на интернет порталот faktor.mk, сопственост на правното лице Фактор Портал ДООЕЛ Скопје, објавен е текст со наслов „Ботанички парк во Карпош стана изборна измама?“, во кој се изнесени невистинити тврдења за факти кои предизвикуваат штета на угледот на Град Скопје. 

Имено, не е точно дека до Град Скопје е доставен проект за „Ботанички парк“. Напротив, Град Скопје, во овој момент, е во трета фаза од изградба на парк во Карпош, и тоа на површина од 82.000м2, каде ќе се градат пешачки патеки, паркинг за посетителите, нова урбана опрема, а планирани се и паркови за миленици. Паркот се протега од новиот мост во Влае до новиот жолт пешачки мост и треба да стане важен дел од зелената инфраструктура на градот. 

Од друг страна, Град Скопје, од пред 5 месеци во Карпош има направено нова ботаничка градина на површина од 12.000м2, со преку 4.600 уникатни дрвја и садници и видиковци. 

Линк: Ботаничка градина во Карпош.


Вие како сериозен интернет портал, водејќи сметка за новинарскиот кодекс и професионални стандарди, треба да објавувате точни, проверени информации и да побарате мислење од засегнатата друга страна, но тоа не е сторено. Реакцијата бараме да биде објавен во рок од 48 часа од приемот на ова писмено, согласно Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета.

Фото: Град Скопје

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ЕВЕ ШТО ОСТАНА ВО КОМПЛЕКСОТ МАНАСТИР ПО ПОЖАРОТ: Дали скарата го „испече“ хотелот?

(ВИДЕО) ЕВЕ ШТО ОСТАНА ВО КОМПЛЕКСОТ МАНАСТИР ПО ПОЖАРОТ: Дали скарата го „испече“ хотелот?

ЈА БАРААТ ЗЕЛКАТА ЗА ЗИМНИЦА, АМА ЦЕНАТА ИМ СЕ ЧИНИ ВИСОКА: Годинава и сармата очигледно ќе чини поскапо

ЈА БАРААТ ЗЕЛКАТА ЗА ЗИМНИЦА, АМА ЦЕНАТА ИМ СЕ ЧИНИ ВИСОКА: Годинава и сармата очигледно ќе чини поскапо

АРКТИКОТ ЌЕ ГИ ЗАЛЕДИ ЕВРОПА И БАЛКАНОТ: Првата декада од Ноември ни носи температури и од под -10 степени!

АРКТИКОТ ЌЕ ГИ ЗАЛЕДИ ЕВРОПА И БАЛКАНОТ: Првата декада од Ноември ни носи температури и од под -10 степени!

„УАПСИ ГО АХМЕТИ“: Адвокатот Митровски вели писмото до Рама е добро утро заканување кое никој не го санкционира

„УАПСИ ГО АХМЕТИ“: Адвокатот Митровски вели писмото до Рама е добро утро заканување кое никој не го санкционира

ТУРИСТИЧКИОТ КОМПЛЕКС „МАНАСТИР“ ВО ПЛАМЕН - голем пожар во Берово (ВИДЕО)

ТУРИСТИЧКИОТ КОМПЛЕКС „МАНАСТИР“ ВО ПЛАМЕН - голем пожар во Берово (ВИДЕО)

„НЕ ДРЖИ КОНСТАТАЦИЈАТА НА АХМЕТИ“: Меџити вели општините добиваат повеќе пари сега - „подобро ни е кога ДУИ е во опозиција“

„НЕ ДРЖИ КОНСТАТАЦИЈАТА НА АХМЕТИ“: Меџити вели општините добиваат повеќе пари сега - „подобро ни е кога ДУИ е во опозиција“

НАПАДНАТ ЖИТЕЛ НА ПРОБИШТИП, НАПАЃАЧИТЕ ИМАЛЕ ПИШТОЛ, АМА ПЛАСТИЧЕН - полицијата ги уапси

НАПАДНАТ ЖИТЕЛ НА ПРОБИШТИП, НАПАЃАЧИТЕ ИМАЛЕ ПИШТОЛ, АМА ПЛАСТИЧЕН - полицијата ги уапси

„БАРАМЕ ДКСК ДА НЕ БИДЕ СЛЕПА ПРИ ОЧЕВИДНИ СКАНДАЛИ“: Левица со остра реакција по вработувањето на сестрата на Љутков

„БАРАМЕ ДКСК ДА НЕ БИДЕ СЛЕПА ПРИ ОЧЕВИДНИ СКАНДАЛИ“: Левица со остра реакција по вработувањето на сестрата на Љутков

„ЗАКАНА ЗА МИРОТ, СТАБИЛНОСТА, МЕЃУЕТНИЧКАТА ХАРМОНИЈА И ДЕМОКРАТИЈАТА ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“: Амети со писма лидерите во соседството и светот

„ЗАКАНА ЗА МИРОТ, СТАБИЛНОСТА, МЕЃУЕТНИЧКАТА ХАРМОНИЈА И ДЕМОКРАТИЈАТА ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“: Амети со писма лидерите во соседството и светот