ФАКТОР водич за Нова Година: Ова е за џебот на просечниот Балканец!
Објавено во: Балкан 12 Декември, 2013 08:01
При тоа хотелот е во центарот на Софија и е со четири звезди. А доколку патувате со сопствен превоз, тогаш аранжманот ќе чини 45 евра и допоплнително да си ги платите пијачките. Најевтината варијанта за новогдишшна вечера во хотелот исто така чини 45 евра.
Тоа значи дека за две ноќи поминати во Софија, во најдобрата опција ќе бидат потребни околу 150 евра, со превоз, сместување во хотело со појадок и вечера. Дочек на новата година во ресторан во хотел и нешто ситно за ручек за деновите во кои ќе се престојува во Софија.
Две ноќи во Белград за 100 евра
Две ноќи во Белград може да се поминат за 100 евра. Во оваа сума евклучено патување со автобус, и сместување во хотел со три звезди каде е предвиден појадок.
Две ноќи во Истанбул за 120 евра
Најевтината понуда на македонските туристички агенции за Истанбул, чини 120 евра. Но, таа е за две ноќи поминати во хотел со три звезди и само со појадок. При тоа до Истанбул ќе терба да стигнете со автобус, а патувањето е во ноќните часови.
Ако во Истанбул патувате со авион тогаш од понудата на туристичките агенции во земјава, најевтината варијанта чини околу 230 евра. Оваа сума се однесува за три ноќевања во хотел со три звезди. Во сумата е вкулучен појадок. Дочек на Новата Година во национален ресторан пак во најевтината понуддена опција е околу 70 евра.
Но, ако се патува со авион во Истанбул дополнително треба да се платат и 60 евра за аеродромски такси и треба да се има во предвид дека износот е променлив. За факултативни посети на Долма Бахче Сарај и крстарење по Босфор потребни се околу 50 евра, влезниците за Топ Капи палата, Аја Софија и Цистерните чинат 30 евра.
Две ноќи во Будимпешта за 120 евра
Две ноќи во Будимпешта за време на Новогодишните празници, може да се поминат за 120 евра. До Будимпешта, македонските туристички агенции најчесто нудат опција да се стигне со автобус. Сместувањето е во хотел со три звезди.
Две ноќи во Виена за 140 евра
Во Виена, две ноќи за време на новогодишните празници може да се поминат за 140 евра.Но во оваа сума е пресметано патувањето до таму со автобус, сместување во хотел со три звезди, и појадок.
Три ноќи во Прага за 180 евра
За новогодишните празници, туристичките агенции нудат опција да се поминат три ноќи во Прага за 180 евра. Оваа цена се однесува за патување со автобус. Во сумата е вклучено сместување во хотел со три звезди каде е предвиден појадок.
Три ноќи во Милано за 270 евра
За новогодишните празници, туристичките агенции во земјава имаат понуда од 270 евра за три ночки во Милано. Понудата се однесуваз апатување со авион. Сместувањето е во хотел со три звезди, но оние кои ќе се одлучат за оваа опција треба да имаат во предвид дека има уште доплнителни трошоци. Односно потребни се уште 50 евра за аеродромски такси, доплата за голема кабинска торба со димензии 56х45х25см односно уште 1.250 денари или доплата за багаж 1 торба/куфер со максимум 32 kg што ќе чини 2.500 денари, како и туристичка таксаод 5 евра на ден.
Н.С.
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата




