19 Декември, 2025
0.0486

Фактор24: Ловот на физички лица како ДДВ обврзници е крајно проблематичен

Објавено во: Македонија 09 Март, 2017 18:32

Добивај вести на Viber

Правните и даночните експерти се навистина изненадени од одлуката да се оданочуваат физичките лица чии годишен приход ќе надмине еден милион денари со ДДВ и тоа за дел од нив одредбите да важат ретроактивно со пишување на казни што е целосно врз нивна штета. 

Во најновото издание на Фактор24 анализиравме зошто ваквиот начин на „лов“ на физички лица со наметнување на обврска за ДДВ е неправичен.

„Граѓаните досега покажаа голема одговорност и самите дури ги пополнуваа годишните даночни пријави. Ова е нешто ново, се руши еден систем на ДДВ кој е граден 16 години, и се чини како некој да требало да биде казнет“, вели редовната професорка по даночно право Александра Максимовска од правниот факултет „Јустинијан Први“.

Според правилник кој го има само УЈП регистрацијата на физички лица како ДДВ обврзници се внесува правна несигурност, прагот трет пат е сменет и сега е најнизок, а може да влијае директно на зголемување на даночната евазија.

„Рокот за регистрација како ДДВ обврзник истече на 15 јануари и не сите знаеја дека имаат ваква обврска. И во минатото имало физички лица кои надминале 1 милион денари годишно во приходите па не плаќале ДДВ. Исто така проблем е што се заведуваат лицата кои даваат деловен имот под закуп, а се претпоставува дека оваа обврска ќе ја имаат и лицата со приходи од авторски права. Кај нив нема речиси никаков основ за поврат на ДДВ, бидејќи нема влезни фактури“, вели претседателот на здружението на даночни советници Павле Гацов.

Освен двојното оданочување, немањето основ за поврат на ДДВ и правната несигурност, оваа постапка е во спротивност и со европските директиви.

„Намалувањето на прагот на 1 милион денари e да се подведат во системот на ДДВ помалите фирми, трговци и занаетчии, но сите тие реализираат одредена стопанска дејност. Кај авторските правa и закупнините УЈП врши двојно оданочување и е во судир со шестата директива на Европската комисија, што е навистина за жал бидејќи Македонија со досегашната примена на ДДВ и воопшто со едноставноста на даночниот систем беше пример во Европа“ додава професорката Максимовска.

Гледајте Фактор24 политичко-економски магазин кој го подготвува тимот на faktor.mk на ТВ 24 секоја среда од 22:30 часот.


Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината