Фаучи објасни колку маските се ефективни во заштита од британскиот сој на коронавирусот
Објавено во: Свет, Корона Вирус 30 Јануари, 2021
Граѓаните не треба да се плашат од новите соеви на коронавирусот, затоа што доколку ги почитуваат мерките ќе бидат заштитени.
Познатиот американски епидемиолог Ентони Фаучи тврди дека маските се уште штитат, и покрај мутациите.
„Маските не се ништо помалку ефикасни со појавата на новите соеви. Различните соеви на вирусот всушност се само причина повеќе секогаш да носиме маска“, изјавил тој неодамна на брифинг во Белата куќа.
Асистентот на професорот за инфективни болести на Универзитетската школа Емори за медицина во Атланта, Мерибет Секстон, го споделува истото мислење.
„Новите соеви често значат дека заразените луѓе имаат поголема количина на вирус во носот и устата, така што, кога дишат, зборуваат и кашлаат или пеат, исфрлаат повеќе инфективни честички”, вели тој.
Британскиот сој побрзо продира во телото. Во светот има повеќе мутации. Британскиот сој веќе го има во над 70 земји, а истиот е откриен и во Македонија.
Во Бразил имало пациенти кои биле заразени со два соја истовремено.СЗО предвиде дека и оваа 2021 година нема да славиме дека е дојден крајот на пандемијата.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.