ФБЕ започна со имплементација на интернационален студентски проект!
Објавено во: Мои пари 28 Октомври, 2016 08:07
Факултетот
за бизнис економија во
наредните три недели ќе спроведе интернационален студентски проект, во кој како
партнери ќе се појават Државниот
Универзитет на Њу Јорк, Платсбург (SUNY) од САД и Универзитетот
на Љубљана – Факултет за администрација (FAUL) од Словенија. Проектот е наречен COOL, (Collaborative Online Learning), а ќе учествуваат околу 100 студенти од трите држави, кои ќе соработуваат
преку специјална платформа наречена BEP (Business Educational
Platform), развиена под проектот ISPEHE (Иновативно стратешко партнерство за европско
високо образование -Innovative strategic partnership
for European higher education.ISPEHE се имплементира со
поддршка на Европската комисија и Еразмус+ програмата, а воедно е најголем
проект од овој вид во Република Македонија.
Целта на COOL е студентите да добијат чувство како е да работат во интернационална средина, која се карактеризира со различни временски зони, организациски култури и голем број на други фактори. Крајниот резултат на COOL ќе биде промотивна маркетинг кампања што би била спроведена во САД, Словенија и Македонија паралелно за идентични производи и услуги.
Проектот се спроведува трета година по ред на ФБЕ, со тоа што оваа година е во најголем организациски капацитет. Координатор на ФБЕ за COOL е м-р Мартин Киселички, координатор за SUNY, Plattsburgh е проф. д-р Richard Gottschall, додека пак координатор за FAUL, Ljubljana е проф. д-р Primoz Pevcin. Студентите кои учествуваат од трите високо-образовни институции се дел од третата и четвртата студиска година.
Можеби ќе ве интересира
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете
Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии
„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција
MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“




