ФЕД: Стрес тестот го минаа 17 од 18 американски банки
Објавено во: Свет 08 Март, 2013
Седумнаесет од 18 американски банки го минаа „стрес тестот“, што има за цел да ја процени отпорноста на банките на нова криза, соопшти Управата на федерални резерви на САД.
Банката „Алај фајненшел“, која се наоѓа под владина контрола, не успеа да го мине тестот поради недостаток на капитал.
Седумнаесет од тестираните банки покажале дека нивното ниво на капитал ќе се задржи над минималната граница од пет проценти, доколку економијата повторно биде погодена од криза како таа во 2007-2008 година.
Тестот покажа дека банките, заеднички гледано, се многу посилни од пред една година, со заедничко ниво на капитал од 7,7 проценти.
- Стрес тестот е средство со кое се мери издржливоста на финансискиот сектор, изјави Данијел Тарулјо, член на ФЕД Одборот на гувернери.
Според него значителниот раст на квалитетот и квантитетот на банкарскиот капитал во текот на изминатите четири години дава сигурност на банките да продолжат со кредитирање на потрошувачите и претпријатијата, дури и во време на економски проблеми.
Стрес тестот опфаќа мерење на поединечната и заедничка способност на банките да се справат со нова криза, вклучително пад на цените на капиталот до 50 проценти, пад на недвижностите за 20 проценти и раст на невработеноста на 12,1 процент, што заедно може да ги загрози банкарските кредити и инвестиции.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.