ФЕД ЗАГРИЖЕНИ ЗА ЗАДОЛЖЕНОСТА НА АМЕРИКАНЦИТЕ: „не можат да ги враќаат кредити за автомобили“
Објавено во: Финансии 15 Февруари, 2025 07:23
Банката на федерални резерви (ФЕД) на Њујорк објави извештај за долгот, според кој Американците имаат најголеми потешкотии да ги исплаќаат кредитите за автомобили и да ги покријат салдото на кредитните картички.
Тоа е на највисоко ниво во последните 14 години.
Според кварталниот извештај за долгот и кредитот на домаќинствата, во четвртиот квартал од минатата година вкупниот долг се зголемил на 18,04 билиони долари или 0,5 отсто во споредба со претходниот квартал, објави Си-Ен-Ен.
Сите главни кредитни категории следени во извештајот, исто така, забележаа зголемување на долгот, при што долгот на кредитните картички, на пример, надмина 1,2 трилиони долари, што е зголемување од 7,3 отсто во однос на четвртиот квартал од минатата година.
Најновиот сеопфатен преглед ги разгледува условите за кредитирање за американските домаќинства во главните категории како што се хипотеки, авто-заеми, кредитни картички, кредитни линии за домување и студентски заеми.
Треба да се очекува уште поголем долг на домаќинствата, бидејќи зголемувањето може да се одрази на фактори како што се растот на населението, тешките економски услови, трошењето за време на минатите големи празници и растот на е-трговијата.
Кредитниот аналитичар на Lending Tree, Мет Шулц, истакна дека особено се загрижувачки информациите за задоцнетите плаќања на кредитите за автомобили.
„Многу Американци едноставно мора да имаат автомобил за да стигнат до работа, така што тоа е често еден од највисоките приоритети при плаќањето на сметките, а ако се мачат да ги исполнат тие плаќања, тоа може да биде знак дека тие се борат да платат и други долгови“, рече тој.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





