„Фејсбук“ го стартува видеочетот на „Месинџер“
Објавено во: Мои пари 04 Мај, 2015 20:38
Facebook почна постепено со воведување на видеочат на Messenger. Со оваа услуга социјалната мрежа станува директен конкурент на Skype.
Засега видеочатот ќе е достапен само за мобилните оперативни системи „iOS“ и „Android“. Корисниците ќе можат да им ѕвонат на своите пријатели од телефонот, дури и ако едниот користи „Android“, а другиот „iOS“. Со видео комуникацијата ќе се прошири комуникацијата во реално време на повеќе од 600 милиони луѓе кои ја користат оваа апликацијата.
Услугата е бесплатна и стартува пробно во неколку држави. Постепено ќе биде активирана и за останатите региони, со што компанијата планира да биде подготвена во рамките на следните неколку месеци. Видео разговорите се со HD квалитет и не е ограничено нивното траење.
Во почетокот на минатиот месец Facebook објави дека е можно да се вршат плаќања за користење на Messenger. Исто така се тестира опцијата за купувања директно од страната на најголемата социјална мрежа.
Можеби ќе ве интересира
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка




