ФЕЈСБУК НОВОСТ: „Facebook Search“ ви овозможува да пронајдете конкретни записи а не само личности!
Објавено во: Мои пари 09 Декември, 2014
Речиси две години поминаа откако Фејсбук го покрена „Graph Search“, а сега ја претставуваат следната голема надградба на својата функција на пребарување.
Почнувајќи од денеска, корисниците на Фејсбук може да користат клучни зборови за пребарување на конкретни индивидуални записи, а не само за луѓе или други страници. Сега кога почнете да пишувате во делот за пребарување на Фејсбук, ќе ви бидат понудени предлог клучни зборови за името кое го внесовте. Првиот пример на Фејсбук е кога некој го внесе името „Jessica“ (Џесика), автоматското сугерирање на пребарувањето е „Jessica wedding“ (Венчавката на Џесика), а после кликот на тој предлог, тоа ве воведува во страницата со резултати од пребарувањето базирано на внесувањето.
Исто така, доколку се сеќавате некој да ставил одредена фотографија, може да ја пребарате со одредени клучни зборови кои таа личност ги употребила за да ја опише. Засега, оваа надоградба на пребарување ќе пристигне на iOS и десктоп во текот на оваа недела, а не е кажано кога и Андроид корисниците би можеле да ја добијат.