ФЕРО ИНВЕСТ ЕДИНСТВЕН ОД РЕГИОНОТ НА КОНФЕРЕНЦИЈАТА АЗИЈА 2023 – ВОДНИ РЕСУРСИ И БРАНИ: Се претстави на саем за хидроелектрани во малезија
Објавено во: Мои пари 21 Март, 2023 11:54
ФЕРО ИНВЕСТ учествуваше на конференцијата и саемот за производители и изведувачи на хидроелектрани, кој се одржа во Куала Лумпур и кој на едно место собра 65 светски познати енергетски компании, чијашто примарна цел се хидроелектраните, од: САД, Обединетото Кралство, Кина, Јапонија, Германија, Франција, Норвешка, Италија, Швајцарија, Австрија, Холандија Турција, Индија, Австралија и други земји.

Тодор Анѓушев, директор на фирмите ЕМС и „Мали хидро електрани“, во рамките на ФЕРО ИНВЕСТ и Филип Андрески, директор за развој во групацијата, ги запознаа посетителите на саемот со можностите на ФЕРО ИНВЕСТ како партнер во изведувањето на енергетски проекти, прикажувајќи го портфолиото од реализирани над 120 електрани, од кои над 60 се поврзани директно со мали хидроелектрани.
Инвеститорите од Азија покажаа голем интерес за соработка на идни енергетски проекти во тој регион на светот.


Компанијата во моментов управува со околу 50 централи од обновливи извори, сопствени или на клиенти, во кои има мали хидро електрани, фотоволтаични електрани и електрани на био гас, со вкупна инсталирана моќност од над 55 MW.
ПР-објаваМожеби ќе ве интересира
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив
СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби
Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк
Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави
ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА
Еден чекор ве дели од длабинска хидратација – откријте ја тајната на совршената кожа!
Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“




