Добивај вести на Viber
Меѓународната кредитна агенција „Фич“ и го потврди на Cрбија рејтингот на исполнување на финансиските обврски (ИДР) во странска и домашна валута на „ББ-“ со негативен изглед. „Фич“ исто така го потврди и краткорочниот ИДР во странска валута на Б, пишува сајтот stockmarketwire.com.
Во 2012 година, фивкалниот дефицит пораснал на 6,4% од БДП и покрај владината проекција од 3,6%, делумно поради предизборните трошоци, наведува Фич.
Владата направи ребаланс на буџетот како би ги довела финансиите под контрола. Cепак, Фич очекува дефицитот на буџетот да овтане близу 6% од БДП-то во 2013 година и 5% во 2014 година.
Јавниот долг на Cрбија исто така пораснал, и според проекциите на Фич тој ќе достигне ниво од 65% од БДП-то во 2014 година.