19 Декември, 2025
0.0689

ФИФТИ-ФИФТИ ИЛИ НЕ: Се чекаат мандатите, водат ли изборите кон нови избори?

Објавено во: Македонија 12 Декември, 2016 09:55

Добивај вести на Viber

Македонија ги пишува најнеизвесните избори во историјата досега.

Институциите и покрај преброените гласови во кои ВМРО-ДПМНЕ има минијатурна преднсот пред СДСМ уште не се одважуваат да излезат и да и ја соопштат на јавноста проекцијата по број на освоени мандати.

Последните официјални информации од ДИК покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ освои 452.709 гласови, односно 38,06 отсто, а СДСМ има 436.469 гласови или 36,69 отсто.

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ пак си играат со бројки во однос на освоени пратенички места.

И за двете партии СДСМ пресмета по 51 пратеник, додека ВМРО=ДПМНЕ за нив пресмета 51 за сдсм 49.

Прашањето што ги мачи сите е дали разликата во гласовите, 1,37 отсто или 16.240 гласа повеќе за коалицијата на владејачката партија, се одразува пропорционално на бројот на мандатите, односно дали односот на мандатите е 50 наспроти 50 мандати или 51 наспрема 49 или, пак, 51 наспрема 50 или …

Дека разликата од нешто над 16 илјади гласа може да не значи ништо при претворањето на гласовите во мандати покажува тоа што Коалицијата ВМРО за Македонија освои 24,5 илјади гласа, а ќе нема ниту еден пратеник.

Сепак, сите очи остануваат вперени во Државната изборна комисија. 

Од оваа институција денеска треба да го објават бројот на мандати. Овој пат ДИК не постапи како и во претходните години кога веќе ноќта по изборите прави точни проекции.

За распределбата на мандатите се воздржува и МОСТ.

Изгледа дека ниту овие избори на Македонија нема да и донесат ниту стабилност ниту излез од кризата. Така покажуваат проценките на аналитичарите, дека кој и да формира влада, таа нема да издржи полн мандат. 

Сметаат дека единствено што во овој момент и донесува стабилност на Македонија е концентрациона влада, а единствено сега таа не е можна.

Вонредните парламентарни избори во земјава се резултат на Договорот, кој претставницте на најголемите политички партии во потпишаа во Пржино, со посредство на Европската унија.

Аналитичарите веќе предвидуваат дека ова се избори што водат кон нови избори.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината