Фикција или реалност: Каде се вработија 40 илјади луѓе кои ги снема од евиденција на Агенцијата за вработување?
Објавено во: Економија 13 Март, 2013 08:40
Извор: Агенција за вработување
Статистиката покажува дека бројот на работници во индустријата минатата година се намалил за 2,4%. Најпогодени се секторите кои најмногу вработуваат, текстилната, металуршката но и преработувачката индустрија, каде стопанствениците се уште стравуваат дека отпуштањата и годинава ќе продолжат поради тешката финансиска кондиција на фирмите.
За тоа колку е неликвиден приватниот сектор покажува и фактот што во кризната 2012 година вкупниот број на фирми со блокирани сметки се доближи до 40.000, што пак покажува дека повеќе од половина од активните фирми во земјава ја завршиле ланската година блокирани.Тоа значи дека можноста да вработуваат нови кадри, дефинитивно им била отежната.
Во услови кога индустриското производство паѓа 17 месеци по ред, бројот на работници во индустријата се намалува, а се зголемува бројот на фирми со блокирани сметки, се поставува прашањето, колку е реално да се намалува бројот на невработени во земјава?
Од Владата, намалување на невработеноста го објаснуваат со владините програми за самовработување и влезот на неколкуте странски компании во земјава. Опозицијата пак, досега многу пати регираше дека не станува збор за вистиско намалување на бројот на невработени туку дека се случува еден тренд на масовно бришење, пред се на студентите и на социјалните случаи,кој Владата го применува периодично.
Експертите пак, не ја исклучуваат можноста „чистењето“ на списокот на невработени да се прави предизборно а на лицата привремено да им се дава работа во администрацијата.
Дали со пререгистрацијата на активни и пасивни невработени, се врши прочистување на списокот во Агенцијата?
Од вкупно евидентираните невработени лица, според последните податоци од Агенцијата 50% се активни, а 50% не бараат работа. Новите законски измени предвидуваат сите невработени лица да се пререгистрираат и да се изјаснат во која евиденција во агенцијата ќе бидат впишани. Иако министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски нагласи дека без разлика дали ќе се пријават како активни или пасивни баратели на работа, ниту едно неврабтено лице нема да биде избришано од регистарот и нема да ги изгуби стекнатите права по основ на невработеност, сепак постои скептичност дали и навистина ќе биде така..
Во светот невработеноста континуирано расте
Бројката на невработени низ светот се зголеми за четири милиони лица, во 2012 година, на 197 милиони и се очекува дополнително да расте, предупреди Агенцијата на ОН за труд. Во извештајот на Меѓународната организација за труд (ИЛО) се вели дека најтешко погодени се младите: речиси 13% на возраст по 24 години се невработени. Глобалната стапка на невработеност е проектирано да расте за 5,1 милион оваа година и за дополнителни три милиони во 2014 година.
Трендот го рефлектира намалувањето на економскиот раст, што е особено случај во развиените земји.
Во извештајот „Глобални трендови за вработување 2013“, се вели дека шест отсто од работо способната сила во светот останала без работа во 2012 година, а една третина од невработените во Европа се без работа повеќе од една година. Многумина се откажуваат, а во документот се проценува дека 39 милиони луѓе се повлекле од пазарот на труд.
С.Н
Можеби ќе ве интересира
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар




