Филан Митрев во суд изјавил дека бил наивен, но и дека имал среќно детство
Објавено во: Македонија 12 Септември, 2020
„Бев наивен“, изјавил Филан Митрев пред судијата во Франкфурт каде е обвинет за серија сериозни кривични дела.
Првото рочиште во случајот во кој е обвинет 25-годишниот Германец со македонско потекло во детали го следеше новинарот на весникот Франкфурте Рундшау.
Во ноември 2019 година, тој беше уапсен заедно со уште двајца осомничени на 21 и 22 години од турско потекло, под сомнение за подготување на терористички напад.
„Имав среќно детство. Никогаш не ме удриле. Сакав само да им покажам на моите родители дека можам сам да си го најдам патот. И дека тој пат е добар“, изјавил Филан на претходното судење за изнуда и насилство.
„Салафистот“, како што го нарекува Франкфуртер Рундшау, за таа цел набавил хидроген пероксид, ацетон, батерии и сулфурна киселина како и електронски делови за бомба. Нападот не успеал затоа што Филан М. се пофалил на социјалните мрежи пред да ја спроведе својата цел. Притоа, тој се обидувал на интернет да набави и автоматско оружје и муниција.
„Тој не е мојот син“, вели кардиохирургот Жан Митрев за А1 он, по објавувувањето на информациите дека 25-годишниот Филан Митрев лани во ноември e уапсен за планирање терористички напад врз клучни објекти низ Германија, а за акцијата набавил и хемикалии за правење бомба.
Секој човек на 25 години одговара за своите постапки, додал Митрев.