16 Декември, 2025
0.0533

Филе во Белград: Клучен период за односите меѓу Србија и ЕУ

Објавено во: Балкан 05 Мај, 2014 12:44

Добивај вести на Viber

Србија направи голем напредок на патот кон интергирањето во Европската унија, изјави еврокомесарот за проширување Штефан Филе, кој денеска престојува во посета на Белград. Филе оствари средба со српскиот претседател Томислав Николиќ и со новиот српски премиер Александар Вучиќ. Тој нагласи дека Брисел го поддржува европскиот пат на Србија, а на тој пат се важни три приоритети: економско заздравување на земјата и реформир, воведување на владеење на правото и нормализација на односите со Приштина. „Пред неколку дена ја одбележавме 10-годишнината од најголемото проширување на ЕУ. Европските интеграции за Србија во 2004 година изгледаа како далечна иднина, а денес тоа е очигледна извесност. Уверен сум дека Србија има способност таа можност да ја претвори во стварност“, нагласи Филе. Тој нагласи дека ова е клучен период за односите меѓу Белград и Брисел и важно поглавје во современата историја на Србија, а споре еврокомесарот, „охрабрувачки е што граѓаните на избори недвосмислено ги поддржале партиите кои се определени кон ЕУ“. Филе е вториот висок претставник на Европската унија кој ја посети Србија една недела по фромирањето на новата српска Влада. Пред него, поддршка за реформскиот курс на Владата и за европскиот пат на Србија даде и високата европска претставничка за заедничка безбедносна и надворешна политика Кетрин Ештон.
Stefan-File-Aleksandar -Vucic.jpg
 

Можеби ќе ве интересира

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата