Филипче: Додека бев министер за здравство, немаше ниту еден пациент што останал без лек
Објавено во: Македонија 17 Октомври, 2023
Екс министерот за здравство, Венко Филипче откако денеска беше на анкетната комисија поради скандалот со лекови на Клиниката за онкологија, пишува на Фејсбук дека во неговиот мандат ниту еден пациент не останал без лек.
Вели дека водел сметка да има лекови за сите и да бидат со сертификат за европски квалитет.
„Од 2018 воведов систем со кој се стави крај на дотогашниот паралелен увоз на лекови со сомнително потекло. Дотогаш лекови во државата се увезуваа без сертификат за квалитет, без потекло, такви лекови им се даваа на пациенти со малигни болести, на пациенти со дијабет. За првпат во историјата на македонското здравство обезбедивме современи и најдобри медицински третмани со биолошки лекови и современа терапија за онколошко-хетамтолошките пациенти. Дури и во време на Ковид, овозможивме специфичен начин на работа на УКРО, на пациентите им се носеше терапија до местото на живеење и воведовме психолошка поддршка на онколошките пациенти. Им благодарам на сите Здруженија на пациентите со малигни заболувања кои беа силна поддршка во процесите кои ги носевме заедно за доброто на пациентите. Давањето, контролата на лекови е работа на менаџментот на Клиниката. Министерот не знае како се даваат терапиите. Во мојот мандат не сум дал никаква иницијатива за воведување на КАТО систем, ако сум дал предлог истиот ќе сум го имплементирал. До моментот на моето доаѓање на функција, немав никакви сознанија кои биле практиките и принципите на работа на Клиниката за онкологија. Се надевам дека пратениците во Анкетната комисија ќе направат дистинкција на тоа што е системска слабост, а доколку имало каков било криминал тоа да го истражат надлежните органи и да се одговара“, пишува Филипче.
Инаку, Обвинителството отвори предмет за сомнежите дека лекари и сестри од клиниката продавале лекови на „црно“ на Косово.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.