26 Ноември, 2024
0.2902

ФИЛИПЧЕ ПО ВИСОКАТА БРОЈКА НА НОВОЗАБОЛЕНИ: Мерките и рестрикциите не се ничија желба или хир

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 06 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Министерот за здравство, Венко Филипче на Фејсбук пишува дека со денешната повторна висока бројка на новозаболени, станува јасно дека влегуваме во очекуваниот есенски бран.

Вели дека иако, многумина не веруваа во најавите дека тој ќе се случи, сепак се докажува дека очекувањата беа реални. 
„Цела Европа во моментов се соочува со нова криза и во повеќе земји има силни рестрикции и нови мерки. Разбирам дека кај сите има голем замор од оваа состојба и дека буквално ви е преку глава од коронавирусот. Но, верувајте дека заморот е уште поголем кај здравствените работници. Тие седум месеци деноноќно работат да ја одржат состојбата под контрола. Целиот менаџмент и Комисијата за заразни болести даде сѐ од себе изминатиот период да подготви протоколи, да го реорганизира системот и да го дочекаме подготвени есенскиот период. Како министер нема да дозволам да се преоптовари здравствениот систем и да нема кревети за лечење. Нема да дозволам да клекнат на колена колегите од замор. Рестрикции и мерки ќе носиме секогаш кога ќе процениме дека тоа е единствен начин да се заштити системот и јавното здравје. Тоа е наша одговорност и должност. Мерките и рестрикциите не се ничија желба или хир. Едноставно мора да разбереме дека тие се единствените алатки кои ни се на располагање за да се заштитиме. Го разбирам целосно гневот на оние кои доследно ги почитуваат постоечките мерки кои се на сила од почетокот и со нив ефикасно се штитат. За многумина препораките за одржување дистанца, носење маска и редовна дезинфекција се доволни мерки. Во оваа прилика сакам да им изразам голема благодарност и да им честитам на свесноста и совесноста. За жал, новите мерки кои ги носиме мора да се однесуваат за сите и едноставно не може парцијално да се применуваат само онаму каде има непочитување на основните три“, пишува Филипче. 

Верува дека надлежните ќе направат сѐ да ги санкционираат неодговорните граѓани. Но, Филипче додава дека ниту инспекторите, ниту полицијата, ниту здравствените работници не може да се справат со несовесноста на некои граѓани и компании.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ НА МИТРОПОЛИТОТ ТИМОТЕЈ ЌЕ БИДАТ ИЗЛОЖЕНИ ВО ХРАМОТ НА ПЛАОШНИК ДО КРАЈОТ НА ВЕЧЕРНАТА СЛУЖБА: Верниците се простуваат од Владиката

ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ НА МИТРОПОЛИТОТ ТИМОТЕЈ ЌЕ БИДАТ ИЗЛОЖЕНИ ВО ХРАМОТ НА ПЛАОШНИК ДО КРАЈОТ НА ВЕЧЕРНАТА СЛУЖБА: Верниците се простуваат од Владиката

МОНИКА ЗАЈКОВА КАКО ДА ГО ВПЕРУВА ПРСТОТ КОН МИЛЕВСКИ: Не сакам да верувам дека стои зад иницијативата за моја смена, но ако свесно го прави, тоа е работа на МНР

МОНИКА ЗАЈКОВА КАКО ДА ГО ВПЕРУВА ПРСТОТ КОН МИЛЕВСКИ: Не сакам да верувам дека стои зад иницијативата за моја смена, но ако свесно го прави, тоа е работа на МНР

Најстарата мајка се породи во Македонија во Клиниката за гинекологија во Скопје

Најстарата мајка се породи во Македонија во Клиниката за гинекологија во Скопје

ВАЖНА ВЕСТ ЗА СИТЕ НАШИ ШТО ЖИВЕАТ ВО ЕМИРАТИТЕ: Нема потреба да менувате возачки, македонските од сега важат и во ОАЕ

ВАЖНА ВЕСТ ЗА СИТЕ НАШИ ШТО ЖИВЕАТ ВО ЕМИРАТИТЕ: Нема потреба да менувате возачки, македонските од сега важат и во ОАЕ

ШТЕКЛИ ВРАБОТУВА! Бара професионално обезбедување, му требаат четири лица а ќе ги плаќа 3.000 евра по човек!

ШТЕКЛИ ВРАБОТУВА! Бара професионално обезбедување, му требаат четири лица а ќе ги плаќа 3.000 евра по човек!

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили