ФИЛИПЧЕ ПОТВРДИ ДЕКА ИМА ЗЛАТНА ВИЗА ЗА ДУБАИ: Еве како ја добил
Објавено во: Македонија 16 Јули, 2025 07:10
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, во Само интервју на Канал 5, потврди дека поседува виза за Дубаи, но негираше дека ја добил затоа што инвестирал таму.
Рече дека болницата каде би работел нема да ја открие, и потенцираше дека не добил никакво возило на подарок.
„Легитимно е понатаму, јас можам од мојата струка да заработам. Тоа е единствениот начин на кој што јас сакам да заработам. Тоа е легитимна, автентична моја одлука. Среќен сум што добив шанса, оти не добива секој шанса да работи во такви болници“, рече Филипче.
Тој демантираше дека поседува било каков имот во Дубаи.
„Ниту имам инвестиции, ниту згради, ниту имам авиони“, рече тој.
Филипче истакна дека во Дубаи може да се добие виза врз база на тоа кој каква струка поседува. Истакна дека си има точно наведени кои струки се потребни за кои што може да се добир виза.
Можеби ќе ве интересира
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица




