СТАВ НА УНИВЕРЗИТЕТСКИОТ ПРОФЕСОР ЗОРАН ИВАНОВСКИ
Финансирањето преку еврообврзница ќе биде многу поскапо од задолжувањето на домашниот пазар
Објавено во: Финансии 21 Септември, 2016 10:26
Новиот Буџет за 2017 година стигна во Собрание. Владата одлучи до распуштање на Собранието на 12-октмоври, пред закажаните избори, да донесе редовен Буџет. Дел од економистите сметаат дека на секој Буџет треба да му претходи дебата особено со академската фела, што во случајот со новиот Буџет изостана.Според новиот Буџет економијата догодина ќе расте со 3 отсто, буџетскиот дефицит е проектиран на 3 отсто од бруто-домашниот производ. Високото ниво на тековни расходи кај одредени буџетски корисници сугерира на ефектот на “living institutions”, односно Буџетот се користи само за плати, што е погрешен пристап., вели за Фактор универзитетскиот професор Зоран Ивановски, од Универзитетот за туризам и менаџмент.

Во однос на проекциите за економскиот раст, можем да истакнам дека во Предлог-Буџетот за 2017 година воопшто нема приказ на методологијата како е предвиден растот на бруто-домашниот производ (како на пример, регресиони анализи и слично), односно нема релевантни параметри од кои може да се види како е истата утврдена.Исто така, недостасува приказ кои гранки, индустрии, сектори каков удел имаат во растот на националната економија, така што самото наведување на индивидуалните стапки на раст на одделните сектори не може да се смета како целосно релевантно и доверливо при проекциите на растот.
Предлагачот смета дека растот ќе се базира на планираните капитални инвестиции, што во суштина е погрешен економски модел, односно со истото само се истакнува висок степен на недоверба на Владата кон приватните инвестиции, кои во секоја земја се главни двигатели на економскиот раст. Сепак, станува збор за конзистентен пристап на Владата каде државата е главен претприемач во економијата. За промена на ваквиот став треба да се менува економскиот модел, кој до сега го практицира Владата, кој до сега не обезбеди стабилни и одржливи стапки на раст.
Вториот столб на проекциите се базира на странските директни инвестиции (СДИ), што во основа не е погрешно, но сепак е помалку релевантно за македонската економија споредено со унилатералните трансфери (дознаки од наши вработени во странство). Ако се зема во предвид дека СДИ не се ни 10% од дознаките, останува дилемата дали и тука нема грешка во моделот на развој на македонската економија
Во однос на структурата на Буџетот за 2017 година, Владата предвидува раст на даночните приходи од 7,6% во однос на 2016 година, со што би се обезбедил и во ист процент раст на вкупните приходи, што во услови на раст на економијата од 3% не изгледа остварливо.Расходите ќе растат за 5,5%, од тоа тековните за 3,6% (што сугерира нови вработувања во администрацијата), додека капиталните расходи ќе пораснат за 18% споредено со 2016 година. Капиталните инвестиции ќе пораснат и во структурата на расходите на 13% од вкупните расходи (во 2016 година беа планирани на 12% и не се реализираа), што сеуште е премалку ако се планира динамичен и одржлив економски раст. Добрите практики сугерираат стапки помеѓу 16-20% на капитални инвестиции во вкупните јавни расходи. Сепак, самата стапка не е гаранција и за нивниот квалитет, односно останува клучно прашање за што ќе се трошат. Високото ниво на тековни расходи кај одредени буџетски корисници сугерира на ефектот на “living institutions”, односно Буџетот се користи само за плата, што е погрешен пристап.
Дефицитот номинално ќе се зголеми за 14% во однос на 2016 година, што значи дополнително креирање на долгови на државата. Финансирањето преку еврообврзница ќе биде многу поскапо од задолжувањето на домашниот пазар. Доколку е интенцијата да не се користи домашната акумулација, само би потсетили дека Меѓународниот монетарен фонд и другите меѓународни финансиски институции би одобриле кредити со далеку пониски каматни стапки. Сепак, на тој начин, Владата би ја изгубила “слободата“ во трошењата (особено непродуктивните), што во основа можеби и ни треба во овој момент. Инаку, проекцијата на дефицитот на 3% од БДП треба да биде максималната граница, а не како во изминатите години да се движи околу 4%. Заради тоа, останува сомнението дали првичните проекции ќе се испочитуваат“, вели универзитетскиот професор Зоран Ивановски.
Т.С
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





