26 Ноември, 2024
0.0284

ФИНАНСИСКИ УДАР ВРЗ ИНСТРУКТОРИТЕ - мора да полагаат и да платат 100 евра за нова лиценца

Објавено во: Економија 06 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Нови обврски и нов трошок им се наметнува на инструкторите во автошколите во земјава. Тие ќе мора да полагаат испит за да добијат лиценца за инструктор, за што ќе мораат да платат 100 евра, односно 6.000 денари. За таа цел ќе треба да извадат и лекарско уверение, за кое, исто така, ќе платат 1.000 денари, а ќе имаат и други трошоци. Или, новата лиценца за инструктор што ќе мораат да ја имаат инструкторите отсега па натаму, ќе ги чини над 7.000 денари.

Инаку, вчера беше последниот ден во кој сите инструктори требаше да поднесат документи до МВР за полагање на испитот за да добијат лиценца за инструктор. Министерството испратило допис до сите автошколи, со кој се барало да се поднесат барањата за лиценцирање заклучно со 5 октомври. Според сознанијата, инструкторите ќе полагаат теоретски испит, за кој и самите сега немаат многу информации. Испитите ќе се полагаат пред Државнен испитен центар за лиценцирање.

А како што дознава Фактор, се ова дополнително може да се искомпликува и од уште нешто, а тоа е барањето на околу 300 инструктри од земјава од албанска националност, дека прашањата од стручниот испит за лиценцирање мора да бидат преведени на албански јазик.

Голем број инструктори кои со години наназад работат во автошколите во земјава, за Фактор реагираат зошто сега им се наметнува ваква обврска и ваков трошок, кога тие веќе ги имаат дозволите за инструктор, за кои своевремено за да ги обезбедат, положиле девет испити. Дополнително, тие прашуваат зошто оваа обврска од нив се бара во време на пандемија со коронавирусот, кога токму нивната индустрија беше сериозно погодена.

„Сите инструктори, за да можат да работат, си имаат обезбедено инструкторска дозвола. Таа дозвола ја добиле со полагање на девет испити, меѓу кои психологија, педагогија, моторни возила, како и други испити од областа на сообраќајот. Односно, за еден инструктор да се стекне со право да биде возач-инструктор и да врши обука во автошкола, тој мора да ги положи тие девет испити. А, сега, сите тие инструктори во земјава, што ги положиле тие девет испити и обучувале во автошколите каде што работат, сега ќе треба да полагаат нов испит, за да се стекнат со лиценцата, што ќе ги чини 6.000 денари. Ние како инструктори кои долги години работиме и обучуваме, го поставуваме јавно прашањето кој ја донел таа одлука дека ние сега треба дополнително да полагаме за лиценца за инструктор, кога имаме веќе дозволи за инструктори, и што е разликата, што е она што не го знаевме досега, а што треба да го научиме со полагањето за новата лиценца, односно, што е тоа што таа го покрива“, прашуваат инструкторите со кои разговараше Фактор.

Тие велат дека во изминатите неколку дена, најмалку десетина инструктори добиле дозвола за инструктор по старите правила, односно со полагањето на тие девет испити.

„Дали за оваа нова лиценца ќе можат да полагаат само инструкторите што имаат дозвола, или сите ќе го имаат тоа право. На пример, некој што е електроинжинер, дали сега ќе може со полагањето на тој еден испит, да стане овластен инструктор во автошкола? Дали откако ќе се положи тој еден испит, секој ќе има право да биде инструктор во автошкола. И дали оние десетина инструктори, кои деновиве само што ја добија дозволата, повторно ќе треба да полагаат и за новата лиценца.

Нашите соговорници од инструкторскарта фела се прашуваат и дали Здружението на автошколите се согласува со ова ново лиценцирање, и дали тие биле консултирани од МВР за оваа новина. Но, и дали до ова министерство веќе се поставени сите овие дилеми и нејаснотии. Дополнително, ова значи ново  финансиско оптоварување на инструкторите.

„Зошто во услови на корона криза се оптоваруваат буџетите на инструкторите, кои до пред два месеци ги користеа владините мерки за помош за исплата на платите. Ние цели три месеци не работевме, и само што оваа дејност почна да функционира, сега државата ни го наметнува овој непотребен трошок од околу 120 до 130 евра. Дали можеби ова е еден од начините да се полни буџетот“, реагираат инструкторите.

Фактор на оваа тема разговараше и со Јонче Апостоловски, претседател на Здружението на автошколи, возачи и инструктри.

Здружението на оваа тема одржало средба и со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, на која предочиле дека е подобро прво да се оди со измени во законот околу составот на испитната комисија, па подоцна да се оди на лиценцирање.

„Ние единствени од екс ју републиките останавме да работиме со тричлена испитна комисија. Затоа нашето барање беше законот да се измени и комисиите да работат со еден или двајца испитувачи. А еве, требаше да се случи короната па за да се види дека комисиите одлично функционираат и со двајца испитувачи“, вели Апостоловски.

Тој вели дека ваквата обврска за лиценцирање не е новина, туку во Законот за безбедност на сообраќајот постои уште пред 12-13 години, а нејзината цел била да се утврди индивидуална одговорност на инструкторите. Затоа и од автошколите тоа од поодамна го барале.

„Досега за индивидуална грешка на инструкторот, како што на пример можела да биде злоупотреба на средства, злоупотреба на време, сето тоа беше на одговорност на целата автошкола, а сега со лиценцата ќе се лоцира одговорноста индивидуално кај инструкторот, а не на автошколата. Инаку, во Законот за безбедност на сообраќајот уште од 2007 година стои дека треба да има лиценцирање. А зошто досега не се бараа лиценци, а сега се бараат, тоа не знаеме“, вели Апостоловски.

На нашето прашање како Здружението реагира на дополнителниот трошок кој МВР сега им го наметнува на инструкторите, од Здружението на автошколите велат дека тоа не го оправдуваат.

„Ние од 2015 година бараме да има лиценцирање на инструкторите. Не знаеме зошто МВР тоа прашање досега не го среди, а сега го решава, што и за нас изгледа малку ултимативно. Значи, ние сме за лиценцирање, но баравме начинот на лиценцирање да биде поинаков. Односно, ние сметавме дека лиценцирањето на инструкторите треба да го прави наша комора, што ние би ја формирале, а МВР тоа само да го контролира. Таа лиценца исто така ќе беше и поевтина, а не 100 евра, колку што сега бара МВР, бидејќи преку нив ќе оди лиценцирањето“, објаснува Апостоловски, прв човек на Здружението на автошколи.

Од МВР, пак, за Фактор даваат свое објаснување зошто лиценцирањето е неопходно. 

Нина Нинеска-Фиданоска

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ТРГОВСКИТЕ БАРИЕРИ НА ТРАМП ЌЕ БИДАТ ИСКЛУЧИТЕЛНО БОЛНИ ЗА ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ: Еве на што предупредуваат економистите

ТРГОВСКИТЕ БАРИЕРИ НА ТРАМП ЌЕ БИДАТ ИСКЛУЧИТЕЛНО БОЛНИ ЗА ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ: Еве на што предупредуваат економистите

Винарија Камник со најмногу освоени медали и два трофеи на саемот Винска визија на Отворен Балкан

Винарија Камник со најмногу освоени медали и два трофеи на саемот Винска визија на Отворен Балкан

Авионска линија Прага-Скопје, партнерство со универзитети – иницијативи на Божиновска за поблиски односи со Чешка во бизнисот, образованието и енергетиката

Авионска линија Прага-Скопје, партнерство со универзитети – иницијативи на Божиновска за поблиски односи со Чешка во бизнисот, образованието и енергетиката

ДОЛАРОТ ОТФРЛЕН: Русија и Иран започнаа со меѓусебна трговија само со национални валути

ДОЛАРОТ ОТФРЛЕН: Русија и Иран започнаа со меѓусебна трговија само со национални валути

РЕНОМИРАН ХОТЕЛ СЕ ШИРИ НА БАЛКАНОТ: Се отвара во четири земји, но не во Македонија

РЕНОМИРАН ХОТЕЛ СЕ ШИРИ НА БАЛКАНОТ: Се отвара во четири земји, но не во Македонија

Ова е велешкото економско чудо! Кој може и знае како да заработи 4,2 милиони евра за девет месеци од ивоз на конци и предива?

Ова е велешкото економско чудо! Кој може и знае како да заработи 4,2 милиони евра за девет месеци од ивоз на конци и предива?

Доскорешниот генерален секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, станува претприемач

Доскорешниот генерален секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, станува претприемач

СЕ ВРАЌАЛА ДОВЕРБАТА НА ИЗВЕДУВАЧИТЕ КОН ИНВЕСТИТОРОТ: Трајановски кажа што сѐ се работело за да напредне работата на автопатот Кичево-Охрид

СЕ ВРАЌАЛА ДОВЕРБАТА НА ИЗВЕДУВАЧИТЕ КОН ИНВЕСТИТОРОТ: Трајановски кажа што сѐ се работело за да напредне работата на автопатот Кичево-Охрид

КОЈА Е РАЗЛИКАТА МЕЃУ ETIAS И ВИЗИТЕ: Еве што е подобро

КОЈА Е РАЗЛИКАТА МЕЃУ ETIAS И ВИЗИТЕ: Еве што е подобро