05 Декември, 2025
0.0448

Финансиските иновации низ призма на Светската финансиска криза

Објавено во: Финансии 03 Јуни, 2014 09:05

Добивај вести на Viber

Вториот тип на иновации кои се карактеристични за земјите со послабо развиени финансиски пазари како што е Република Македонија, се покажаа како добар начин за задоволување на потребите на комитентите, зголемување на конкурентноста и заштеда на трошоци што ги прави добра замена за високо ризичните финансиски инструменти. пишува Кристина Погачник, Стопанска Банка Битола Турбуленциите што ги предизвика Светската финансиска криза од 2007 година го свртеа вниманието на економската јавност кон причините за појава на истата. Најчесто, почетокот на оваа криза се поврзува со колапсот на пазарот на недвижности во САД кога преголемата понуда на недвижности предизвика неодржливост на нивните цени чиј раст до тој момент беше поголем од растот на доходот per capita. Ваквиот развој на настаните го погоди банкарскиот сектор кој во предкризниот период имаше засилена кредитна активност во делот на хипотекарни кредити при истовремен развој и понуда на нови попрофитабилни финансиски производи од типот на фјучерси, форварди, свопови, опции, како и хипотекарни хартии од вредност настанати како резултат на секјуритизација односно обединување на сродни хипотекарни кредити (Мortgage backed securities – MBS). Токму ваквите финансиски иновации, особено MBS, беа катализатор на финансиската криза која од САД многу брзо се прошири во светски рамки имајќи предвид дека новите финансиски инструменти издадени во САД беа дел од портфолијата на институции од други развиени економии. Во контекст на претходно кажаното се поставуваат неколку прашања: Кој беше мотивот за развој на нови финансиски производи? Зошто финансиските иновации во САД го зазедоа приматот кој до тогаш го имаа традиционалните кредитно-депозитни работи? Генерално, финансиските иновации беа условени од повеќе фактори меѓу кои доминантно место имаат: глобализацијата, несоодветната регулатива, развојот на информатичката технологија, конкуренцијата, а пред се можноста за заштеда на трошоци и остварување на високи профити. Имено, најголем дел од новите финансиски инструменти беа дел од вонбилансната евиденција на банките со што во одредена мера се избегнуваше обврската за издвојување на капитал за покривање на ризиците на кои беа изложени банките. Тука треба да се споменат и таканаречените Structured Investment Vehicles – SIV како правни ентитети оформени од страна на самите банки со цел емисија и евиденција на хипотекарни хартии од вредност и други финансиски деривативи. Исто така финансиските деривативи и финансискиот инженеринг, како процес на декомпонирање на финансиските инструменти на нивните составни делови (unbundling) и нивно препакување во нови инструменти (rebundling) создадоа услови за пренесување на ризиците на банките врз други лица. Резултатот од ваквите новини во работењето на банките беше зголемување на сопствената профитабилност и проширување на асортиманот на производи и услуги што им ги нудат на комитентите. Следствено на тоа, може да се констатира дека за сметка на краткорочните позитивни ефекти врз профитабилноста на банките, финансиските иновации влијаеја во насока на нарушување на стабилноста на финанасискиот систем во светски рамки. Имајќи предвид дека во предкризниот период, финансиските иновации придонесоа за подобрување на економската состојба на населението во САД, продлабочување на финансиските пазари, поефикасно постигнување на економските цели и воопшто економски раст, ваквиот тек на настаните не треба да влијае во насока на ограничување на понатамошни иновации во банкарското работење. Напротив, иновации не треба да изостанат, но треба да се работи на елиминирање на одредени недостатоците во регулативата и нејзино натамошно надоградување со цел одржување на финансиска стабилност. Во таа насока се и последните промени на Базелската капитална спогодба познати како Базел 3. Воедно, покрај погоре споменатите финансиски иновации кои настанале како резултат на промени во економското окружување и регулативата, постојат и друг тип на финансиски иновации кои се должат на развојот на информатичката технологија (SMS банкарство, електронско плаќање, електронски платформи за тргување со странски валути и слично). Вториот тип на иновации кои се карактеристични за земјите со послабо развиени финансиски пазари како што е Република Македонија, се покажале како добар начин за задоволување на потребите на комитентите, зголемување на конкурентноста и заштеда на трошоци што ги прави добра замена за високо ризичните финансиски инструменти. Да сумираме, влијанието на финансиските иновации врз развојот на Светската финансиска криза од 2007 година не смее да претставува ограничувачки фактор во развојот на нови банкарски производи и услуги, туку  треба да послужи како основа за елиминирање на недостатоците во регулативата и воопшто во функционирањето на финансискиот систем со цел идните иновативни производи, процеси и услуги да придонесуваат за одржување на здрав банкарски систем.    

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката