ФИРМИТЕ СЕ „ОПАРИЈА“ СО УНГАРСКИОТ ЗАЕМ - пристигна и втората транша, досега кон Развојната банка се префрлени 84,4 милиони евра
Објавено во: Финансии 11 Април, 2025 12:28
Министерството за финансии денеска од централниот Буџет ја исплатило кон Развојната банка втората транша од средствата од унгарскиот заем наменети за поддршка на домашните компании.
„Втората транша е во износ од 4,557 милијарди денари или 74 милиони евра, која се реализира врз основа на доставеното барање од страна на Развојната банка за повелкување средства за проекти коишто веќе се одобрени од страна на деловните банки“, се вели во соопштението од Министерството за финансии.
За поддршка на домашните компании преку унгарскиот заем, во Буџетот за 2025 година се планирани 250 милиони евра. Досега се искористени и префрлени од централниот Буџет кон Развојната банка вкупно 84,4 милиони евра.
„Средствата се обезбедени во Буџетот. Трансферот се врши согласно Договорот со Развојната банка. Компаниите имаат интерес за овие поволни средства за поддршка на нивните проекти. На располагање има се уште над 150 милиони евра“, истакнува министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.
Таа потенцира дека ова е значајна мерка на Владата која оди во насока на поддршка на компаниите особено во услови на зголемени ризици на глобално ниво и одржување на економската активност.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





