19 Декември, 2025
0.0425

ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ ЌЕ ВРАБОТУВА РАКОВОДИТЕЛ – нудат плата над 80 илјади денари, еве што се бара

Објавено во: Финансии 18 Јули, 2025 07:43

Добивај вести на Viber

Фискалниот совет, независно тело, задолжено за анализи и мислење за фискалните ризици и веројатноста на исполнување на Буџетот на државата и фискалната стратегија е во потрага на раководител на сектор за стручна поддршка.

На веб страната на Фискалниот совет, но и на Агенцијата за администрација е објавен огласот согласно Законот за административни службеници, со кој се бара еден државен службеник за споменатото работно место.

Согласно огласот поставен на веб страната на Советот и на Агенцијата за администрација, условите кои се бараат од идниот раководите се меѓу вообичаените за вработување во јавна администрација. 

Кандидатите, кои сакаат да аплицираат за споменатото место, мора да се државјани на Македонија, активно да го користат македонскиот јазик, да се полнолетни, да имаат општа здравствена способност за работното место и да немаат забрана на вршење професија, дејност или должност.

Заинтересираните треба да имаат најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен Општествени науки или некои од областите економија и бизнис, други општествени науки – организациони науки и управување менаџмент.

Исто така се бараат најмалку пет години работно искуство во струката од кои најмалку 2 години на раководно работно место во јавен сектор, односно најмалку 8 години работно искуство во струката од кои најмалку 3 години на раководно работно место во приватен сектор.

Одбраниот кандидат ќе биде задолжен за решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг, учење и развој, комуникација, остварување резултати, работење со други/тимска работа, стратешка свест, ориентираност кон странките/засегнати страни, раководење и финансиско управување.

Од идниот раководител се бараат и посебни квалификации, како познавање на компјутерски програми за канцелариско работење, потврда за положен испит за административно управување, активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски).

Избраниот кандидат ќе работи од понеделник до петок од 8 до 16 часот во денот, а неговата нето плата, или платата која ќе му легнува на сумата ќе достигнува 81.600 денари, што значи трошокот за него ќе биде уште поголем заради трошоците за вработување, односно трошоци за социјално и пензиско осигурување.

Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето во електронска форма преку корисничкиот профил креиран на интернет страницата на Агенцијата за администрација.

Рокот за пријавување е до 29 јули, а по истекот на рокот за пријавување, огласот ќе биде отстранет од интернет страницата на Агенцијата.

Фискалниот совет произлезе со Законот за буџети од 2022 година, а негови членови се Глигор Бишев, Абдулменаф Беџети и Марина Трпеска.

Членовите на Фискалниот совет се избрани на седница во Собрание на 19 септември 2023 година, а нивната конститутивна седница ја одржаа на 10 октомври 2023 година на која за претседател го избраа Глигор Бишев.

Неодамна Народна банка, која го предложи Бишев за член на Советот, објави конкурс со кој бараше нов кандидат за член во советот.

П.О.

Фото: Принтскрин/Фискален совет

Можеби ќе ве интересира

ДЕПОЗИТИТЕ ПОРАСНАЛЕ ЗА 11 ПРОЦЕНТИ, КРЕДИТИТЕ ЗА 12,7 ОТСТО - станбените кредити најбарани

ДЕПОЗИТИТЕ ПОРАСНАЛЕ ЗА 11 ПРОЦЕНТИ, КРЕДИТИТЕ ЗА 12,7 ОТСТО - станбените кредити најбарани

ДРЖАВНА ИНСТИТУЦИЈА БАРА РАБОТНИЦИ ЗА ПЛАТИ КОИ ДОСТИГНУВААТ ОКОЛУ 70 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ – еве кои профили се бараат

ДРЖАВНА ИНСТИТУЦИЈА БАРА РАБОТНИЦИ ЗА ПЛАТИ КОИ ДОСТИГНУВААТ ОКОЛУ 70 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ – еве кои профили се бараат

АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години

АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години

АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО

АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра