27 Декември, 2024
0.1078

ФОКУС НА ДЕНОТ: Лажна Грета му се јавила на Заев, се расплеткува клопчето за бонусите

Објавено во: Македонија 28 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Лажни профили му се јавиле телефонски на премиерот Зоран Заев и му се претставиле како светски познатата тинејџерска активистка за климатски промени Грета Тунберг и нејзиниот татко. Шефот на македонската Влада се посомневал во автентичноста, но сепак го довршил разговорот.

Ова го откри Марјан Забрчанец, советникот за комуникации на Заев, на денешната Меѓународна конференција „E-Society.mk – Отворени институции и отчетност“.

Димитар Апасиев, предводникот на Левица и жесток критичар на актуелната власт, се огласи во јавноста откако беа објавени неговите хонорари што ги добивал за консултантски услуги за потребите на СЈО. Тој смета дека портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов, е одговорен за објавената вест и го повика пратеникот на телевизиско соочување.

Премиерот Зоран Заев денеска на пратеничко барање во Собранието го прочита записникот од направената штета во Македонскиот народен театар од страна на навивачката група „Шверцери“ при одбележувањето на јубилејот на ФК Шкупи и објави дека вкјупната штета е 4.000 евра која ќе си ја плати одговорниот што дополнително треба да биде утврден.

Нема да дозволам со театарски претстави да се наруши дигнитетот на еден систем. Вака премиерот Зоран Заев му реплицираше на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Јовановски, кој претходно во Собранието, на седница за пратенички прашања, го критикуваше правосудството. Според Заев, не може сега да се кажува дека тоа што се слуша во бомбите, е монтирано, креирано и лепено.

Првичните согледувања околу исплатите на бонусите во СЈО покажале дека за иста работа два пати се делеле надоместоци во СЈО, изјави републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески. 

Вели дека сомнение фрла тоа што додатоците за плата биле класифицирани информации. 

„Втората насока е дека платите и надоместоците се регулирани со законите. Како што е познато јавните обвинители по три основи имаат додатоци кои не може да надминат 35% од плата, односно трите вида додатоци, за ризик, за доверливост и за услови за работа. Првичните согледувања покажуваат дека по ист основ два пати се делеле надоместоци. Ако видите апсурдите до каде се донесени во делот на трошењето на државните пари, дека на пример еден секретар, има поголема плата од претседателот на државата. Дали е тоа оправдано, логично, треба да процениме. Со ова не ја прејудицирам постапката што обвинителството ја води“, рече Јовески.

Албанскиот премиер, Еди Рама порача дека не може да зборува за работи кои се лични, па го прекина разговорот и излезе од кадарот, откако новинарот го праша за смртта на вереницата на неговиот син. 

„Не можам за тоа да зборувам. Се наоѓам во позиција која тешко се објаснува“, изјави Рама. 

Меѓу жртвите  е и вереницата на синот на премиерот Рама

Владата на својата последна седница утврдила предлог-закон за стратешки инвестиции за проекти од јавен интерес. 

За него не беа дадени многу информации, освен дека целта му е да привлече стратешки инвестиции, а оние што ќе сакат да добијат статус на стратешки инвеститори ќе мора да вложат минимум 100 милиони евра на територија на земјава, а помали суми во општините. Од Владата наведоа и дека овој закон е во согласност со регулативата на ЕУ за вакви инвестиции.

Газди, сега можете да ги зголемувате платите од 600 до 6.000 денари, и да користите субвенции од државата за придонесите.

Патот до Сончев Град останува заглавен во процедурите

Пуштањето во употреба на патот на Водно кој води до идната елитна насеба Сончев Град и до Сопиште останува заглавен во процедурите иако веќе две години е завршен, што се поклопува со мандатот на актуелната власт кој завршува предвремено со вонредните избори следната година.

Недвижниот и подвижниот имот како и залихите на „Сковин“ се продадени за 3,95 милиони евра на скопската фирма „ВинаријаСковин Група“ ДООЕЛ чиј сопственик е скопската компанија Балкан Холдингс ПТЕ ЛТД

Граве Осигурување го купува Еуролинк осигурување, дознава Фактор од доброупатени извори.

Стартапите од Балканот може да го привлечат вниманието на големите инвеститори и со неколку успешни излезни приказни да создадат шампиони кои ќе бидат позитивен пример за сите претприемачи, особено за младите кои имаат одлични иновативни решенија.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Финансиската полиција го уапси Артан Ајрули за набавка на телевизори во Државна лотарија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Финансиската полиција го уапси Артан Ајрули за набавка на телевизори во Државна лотарија

ЗА НАБАВКА НА ТЕЛЕВИЗОРИ ВО ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА: Уапсен газдата на „Ритрон Копи“

ЗА НАБАВКА НА ТЕЛЕВИЗОРИ ВО ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА: Уапсен газдата на „Ритрон Копи“

АЛБАНИЈА ПОТВРДИ: Артан Груби нема албанско државјанство

АЛБАНИЈА ПОТВРДИ: Артан Груби нема албанско државјанство

OJO: Поведена постапка за злоупотреба при јавни набавки во „Државна лотарија“

OJO: Поведена постапка за злоупотреба при јавни набавки во „Државна лотарија“

МИЦКОСКИ ТВРДИ ДЕКА СЛУЖБИТЕ ГО СЛЕДЕЛЕ НЕГО И НЕГОВОТО СЕМЕЈСТВО: Објасни која е причината

МИЦКОСКИ ТВРДИ ДЕКА СЛУЖБИТЕ ГО СЛЕДЕЛЕ НЕГО И НЕГОВОТО СЕМЕЈСТВО: Објасни која е причината

ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА УАПСИ ЛИЦЕ ПОВРЗАНО СО „ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА“ - се проширува случајот

ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА УАПСИ ЛИЦЕ ПОВРЗАНО СО „ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА“ - се проширува случајот

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШЕН НАЧАЛНИК НА ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ВО ВЛАДАТА - овозможил на колега кој не исплнил услови да добие бонус од 600 евра

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШЕН НАЧАЛНИК НА ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ВО ВЛАДАТА - овозможил на колега кој не исплнил услови да добие бонус од 600 евра

Тошковски: Граничниот полицаец бил импресиониран од политичката големина на Груби и од луксузното возило

Тошковски: Граничниот полицаец бил импресиониран од политичката големина на Груби и од луксузното возило

ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ СЕ ОГЛАСИ ГАШИ: Треба да има политичка волја и политички договор

ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ СЕ ОГЛАСИ ГАШИ: Треба да има политичка волја и политички договор