07 Октомври, 2024
0.1908

ФОКУС НА ДЕНОТ: Tуск ја пофали Македонија, деновиве ќе се знае дали Јанева излегува од Шутка

Објавено во: Македонија 17 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Северна Македонија ја заврши работата, сега вие завршете ја својата работа, им порача на европските лидери од Скопје, Доналд Туск, претседателот на Европскиот совет на заедничката прес конференција со премиерот Зоран Заев. Туск не штедеше на зборови кога зборуваше за напредокот на оваа Влада за евроинтеграциските процеси, но на прес конференцијата не беа дозволени новинарски прашања. Заев и Туск заминаа веднаш по воведните обраќања.

За премиерот, Туск е еден голем пријател на нашата земја – Заев рече дека тој цело време ја промовирал потребата Северна Македонија да добие датум.

„Го запознавме претседателот Туск со се што направиме во последните 2,5 години, но и што е направено во земјава во изминатите 15 години. Очекуваме датум за преговори во октомври и очекуваме со пристапните преговори да велземе во едно трансформациско патување кон членството во ЕУ. Случајот Рекет и сличните на него се само еден силен тест, а неговото разрешување ќе ја потврди независноста на судството, рече Заев.

Туск рече дека напорите на нашата земја биле извонредни.

До петок ќе се знае дали Судот ќе и го укине притворот на Катица Јанева откако денеска беше доставено такво барање со предлог други мерки за обезбедување и гаранција во недвижен имот. Одбраната на притворената специјална јавна обвинителка бара таа да биде пуштена од притворот затоа што по истекот на мандатот не може да влијае на постапката. Ирена Фрчкоска, нејзината адвокатка вели дека се отпаднати основите за определување мерка притвор и целта може да се постигне и со друга мерка, а не со најстрогата по закон. 

Инаку до петок истекува 30-дневниот притвор кој првично и беше определен на специјалната јавна обвинителка, а тогаш треба да се знае и дали ќе се одреди нов или ќе се прифати барањето за ослободување. 

Фрчкоска вчера во изјава за ТВ21 рече дека е нарушено здравјето на Јанева. Јанева е во притвор од минатиот месец и е осомничена во случајот Рекет во кој првоосомничен е Бојан Јовановски Боки 13, а второосомничен Зоран Милески Кичеец.

По 4.500 евра месечно и тоа без платите ја чини државата, канцеларијата на поранешниот претседател Ѓорѓе  Иванов кој тој ја има во скопската повеќекатница комплекс „Џевахир сити“, вели претседателката на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска. Таа тврди дека постапката за избор на овој простор била нетранспарентна и дека Иванов си знајмил стан кај блиско лице. Затоа Антикорупциската комисија ќе побара од Службата за општи и заеднички работи на Владата да го раскине договорот за закуп на просториите на поранешниот претседател и да му додели канцеларии во државна сопственост.

Антикорупциска манипулира, закупнината на становите е 1.950 евра, а не 4.500 евра, реагираше преку соопштение поранешниот македонски претседател, Ѓорѓе Иванов. 

Тој тврди дека Антикорупциската комисија изнела невистини и свесно се обидела да манипулира со јавноста, како и во неколку претходни наврати.

„Договорот кој го склучи Службата за општи и заеднички работи со наша согласност, а е наменет за користење на простории за канцеларија на поранешен претседател, следи врз основа на Законот за правата на Претседателот на Република Македонија и неговото семејство по престанување на функцијата донесен од Собранието на Република Македонија. Според тоа што ни беше укажано од СОЗР тие процедурата ја спроведуваат на идентичен начин и правила кои според нивните кажувања важеле за сите поранешни претседатели. Во прилог е договорот, во кој јасно се гледа дека висината на закупнината на целосно опремен простор изнесува 1.950 евра месечно, а не како што денес беше прикажано дека е 4.500 евра“, се наведува во соопштението

Довчерашните обвинители во СЈО, Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски, државниот јавен обвинител Љубомир Јовески ги овласти ди натаму да го застапуваат предметот „Монструм“, потврдуваат за МИА извори во ЈОРСМ.

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил